Михаел Солтер, Филип Морис ТКП: Алтернативи поткрепени со научни докази

mihael-solter-filip-moris-tkp-alternativi-potkrepeni-so-nauchni-dokazi-01.jpg

На овогодинешниот бизнис самит „Македонија 2025“, меѓу бројните учесници беше и првиот човек на ФМТКП, Михаел Солтер кој зборуваше и за големата трансформација која се случува во Филип Морис Интернешнл.

„Нашата трансформација траеше многу години и пред сѐ благодарение на фантазијата и упорноста на илјадници луѓе во ФМИ, развивме производи без чад кои се подобри алтернативи на цигарите. Зошто направивме промена на визијата кон свет без чад од цигари? Едноставно кажано, затоа што тоа е вистинската работа која треба да ја направиме. Тоа од нас го бараат нашите вработени, нашите потрошувачи и конечно, целото општество го бара, но и го очекува тоа од нас. Во светот има над една милијарда пушачи и тие треба да бидат охрабрени да се откажат од цигарите. Но, за оние возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, ние сакаме да им обезбедиме алтернативи без чад поткрепени на научни докази“, објасни Солтер кој додаде дека во последните 10 години ФМИ постигна завиден успех благодарение на големите инвестиции во развојот и науката, но и транспарентноста и отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела.

Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти работат на овие решенија, а досега се инвестирани 7,2 милијарди долари во истражување. Со одобрени 4600 патенти и 6300 поднесени патенти, Филип Морис денес е 45та компанија по број на прифатени патенти во ЕУ.

„Како што веќе реков, зад нашите призводи стои науката. Постојат илјадници страници со научно знаење, експертиза, истражување и студии за поддршка на нашата визија развиена од овие научници. Некои од овие истражувања се на Филип Морис, но многу од нив се независни студии кои ја потврдуваат исправноста на нашата цел и нашиот пат кон свет без чад од цигари. Во време кога сé повеќе расте грижата за здравјето, кога јакне свеста за штетноста од загадувањето и последиците од климатските промени, сосема е нормално и еден гигант, без разлика што доаѓа од тутунската индустрија, да стане дел од глобалниот тренд“, истакна Солтер.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg