Михаел Солтер, Филип Морис ТКП : Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за иднината на компаниите

mihael-solter-filip-moris-tkp-investiranjeto-vo-vistinski-lugje-e-kluchno-za-idninata-na-kompaniite-1.jpg

„Eдна од моите најголеми лекции во текот на мојата кариера е дека условите на пазарот постојано се менуваат, затоа, никогаш не плашете се да се соочувате со предизвици, бидејќи тука учиме најмногу. Ова секогаш им го повторувам на моите колеги, особено на помладите, кои штотуку ја започнуваат својата кариера во Филип Морис. Учењето што го добиваме од тие предизвици е скапоцено, а можностите за раст се огромни“. Ова го истакна Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП на сесијата „Вреднување на нашето најценето богатство – луѓето“ во рамките на овогодинешниот бизнис самит „Македонија 2025“.

Зборувајќи за дилемата која постојано се поставува околу тоа што е најважно за бизнисот – клиентите или вработените тој посочи дека автентичноста на една компанија произлегува пред сé од луѓето кои работат таму. Притоа, еднакво е важно каков однос има работодавачот кон своите вработени, но и кон своите потрошувачи. Тоа се две работи на кои се посветува особено внимание во Филип Морис Интерншнл (ФМИ) на глобално ниво, во која се цени резултатот што го постигнува секоја индивидуа одделно и тоа е единствениот услов за напредување во кариерата во рамките на глобалната компанија.

„Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за нашата иднина, и затоа ние во ФМИ го правиме токму тоа. Големината на големите корпорации се рефлектира токму во ова - вработените да се чувствуваат дека се дел од големо семејство, да бидат горди на тоа и да се трудат да ги исполнат зададените задачи, придонесувајќи за раст на филијалата, но и на глобално ниво за компанијата како целина. Ние сакаме сите наши 73.500 вработени ширум светот да се чувствуваат поддржани, почитувани и да имаат можност да го искажат целиот свој потенцијал, без оглед на нивниот пол, возраст, раса, националност, родов идентитет, етничка припадност, сексуална ориентација, религија, попреченост или која било друга разновидност што ги прави самите видливи или невидливи“, рече Солтер.

Тој потенцираше дека во компанијата не постои поделба на вредноста на помали или поголеми организациски единици, а уште помалку поделба на вработените според која земја или од кој сектор потекнуваат. Тоа значи дека ако некој работи во деловна единица на мали пазари како што е Македонија, или на големи како Италија или Германија, вредноста е иста, заклучи Солтер.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg