Последниот ден од Самиот Македонија2025 исполнет со инспиративни дискусии за претприемништво, лидерство и иновации

posledniot-den-od-samiot-makedonija2025-ispolnet-so-inspirativni-diskusii-za-pretpriemnishtvo-liderstvo-i-inovacii-01.jpg

Претприемништво, непроценливата вредност на вработените за успехот на еден бизнис, младите и иновациите, беа главните теми на последниот ден од виртуелниот Самит Македонија2025. Самитот денеска започна со панел-дискусијата насловена “Што е потребно за врвен успех: интервју со најуспешната жена-претприемач со македонско потекло во светот“ односно Сузан Ничовски, која е основач и претседател на „The Summer Fresh Salads Inc.“ во Канада. Во своето излагање таа истакна дека карактеристиките на успешен претприемач се смелост, искреност и интегритет. 

„Како совет за градење успешен бизнис би сакала да истакнам дека вие сте онолку добри колку што е добар тимот што сте го направиле околу вас. Вработувајте луѓе кои имаат идеи, и ве прават да изгледате подобри и посилни. Секако, морате да имате добар бизнис план и постојано да се држите до неговата суштина за да имате успешна реализација на бизнисот.“ – посочи Ничовски. 

posledniot-den-od-samiot-makedonija2025-ispolnet-so-inspirativni-diskusii-za-pretpriemnishtvo-liderstvo-i-inovacii-02.jpg

Следната панел-дискусија направи детален осврт на темата “Вреднување на нашето најценето богатство – луѓето“ каде се зборуваше за тоа дека токму вработените и нивните вештини, знаење, продуктивност, се најважниот ресурс во една компанија. На крајот од денот, тие се оние кои ја сочинуваат успешноста или неуспешноста на бизнисот. 

Деветотто издание на Самтиот Македонија2025 го заокружи специјалниот настан со Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето. На настанот беа претставени три типа на проекти – проектите на талентиранте млади од Фондот за поддршка на талентирани средношколци/студенти на Македонија2025, три тима од проектот со кодирање „Училишта на 21-от век“ и тимот составен од учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“. 

posledniot-den-od-samiot-makedonija2025-ispolnet-so-inspirativni-diskusii-za-pretpriemnishtvo-liderstvo-i-inovacii-03.jpg

На Самитот официјално беше најавен и  Охридскиот камп за Hi-Tech (високо технолошка) извонредност (Камп за кодирање и роботика за дијаспората), кој комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика за млади луѓе од нашата земја, но и млади Македонци од дијаспората. Овој проект се реализира под покровителство на Претседателот на С. Македонија, г. Пендаровски. 

Организаторите се задоволни од уште еден успешен настан со верба дека заедно покажавме дека поседуваме знаење, волја и способност за надминување на бариерите од сегашната здравствена и економска криза, насочувајќи се кон иднината. 

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на мај нестабилно време, можни се и поплави“ „До самиот крај на месец мај ќе се задржи значително топлото време, но и понатам...
Македонки со полни и сензуални усни како Анџелина Џоли Кои Македонки може да се пофалат дека имаат сензуални и полни усни како Анџелина...
Раперот Таско ги објави првите фотки од новородената ќерка: „Добредојде Кирјана“ „Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“...
Македонија пак се откажа од Евровизија - трета година по ред без претставник на музичкиот фестивал Нашата земја нема да има свој претставник на натпреварот кој ќе се одржи од 13 д...
Македонецот BadStef ја фотографираше новата кампања на Elie Saab: „Ми беше нереално што работам со н... „Јас бев единствениот фотограф од Европа и ми беше огромна чест што работам со Е...
Горди сме! „На Струга дуќан да имам“ ечи среде Чикаго во изведба на детски хор од САД Браво! Децата од хорот Roger’s Park Neighbourhood Choir од Чикаго со многу емоци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg