Горди сме! „На Струга дуќан да имам“ ечи среде Чикаго во изведба на детски хор од САД

Браво! Децата од хорот Roger’s Park Neighbourhood Choir од Чикаго со многу емоции ја испеаја една од најубавите македонски народни песни.

prekrasno-detski-hor-od-chikago-ja-pee-shto-mi-e-milo-em-drago-no-struga-dukjan-da-imam-video-01.jpg

Детскиот хор од Чикаго на празничниот концерт Winter Glow, кој се одржа во салата на Chicago Simphony Orchestra, ја испеа македонската народна песна „Што ми е мило ем драго на Струга дуќан да имам“.

Тие добија огромен аплауз и овации од публиката, а Васил Гарванлиев, кој ги учеше да ја пеат песната, не криеше колку е горд на нив.

Тој на Инстаграм објави неколку видеа од нивниот настап.

prekrasno-detski-hor-od-chikago-ja-pee-shto-mi-e-milo-em-drago-no-struga-dukjan-da-imam-video-02.jpg

„Огромна чест е што можев да ги научам овие млади музичари за македонското културно наследство и за работата што нè спојува сите - музиката. Ми помогна мојата најдобра пријателка Лиз Бејкер, која диригираше со Roger’s Park Neighbourhood Choir.

Моќта на музиката е способноста да му дозволиш некому да ѕирне во тебе и да им помогнеш да патуваат низ светот без да ја напуштат просторијата“, напиша Васил.

prekrasno-detski-hor-od-chikago-ja-pee-shto-mi-e-milo-em-drago-no-struga-dukjan-da-imam-video-03.jpg

Самиот Васил пред публиката ја раскажа приказната за настанувањето на песната и за соработката со детскиот хор, каде што пред околу 20 години, кога беше дете, пееше и тој.

Слушнете ја нивната прекрасна изведба:

View this post on Instagram

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg