#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност.

edgarschristmas-bozhikjot-na-edgar-posebna-bozhikjna-reklama-za-ovaa-nevoobichaena-godina01.jpg

Банкарската групација со седиште во Виена ја објави приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) под хаштагот #верувајвосебе (#believeinyourself), преку медиумски канали на единаесет пазари во Централна и Источна Европа и ѝ ја претстави на глобалната публика преку социјалните мрежи. Групацијата Ерсте се етаблираше како еден од најуспешните брендови во светот кога станува збор за божиќни реклами. Рекламите стекнаа масовна популарност и се прегледани преку 180 милиони пати. И овој пат, Jung von Matt DONAU беше креативно одговорен за продукцијата.

Приказната за тоа како Едгар го прослави Божиќ (#EdgarsChristmas) може да ја погледнете на Facebook, YouTube и Twitter

Короната ни наложи нов контекст

Оваа година, без сомнение беше потешко да се утврди почетната точка за емотивна божиќна приказна од која било претходна година. Глобалната пандемија предизвикана од корона вирусот остави белег на сè и на секого, а креаторите на #EdgarsChristmas сакаа да го прикажат тоа во својот проект.

„Осаменоста и изолираноста беа теми што ја одбележаа оваа пандемска година. За жал, ваквата состојба ќе продолжи за повеќето од нас и во текот на божиќните празници, празници кои вообичаено можеме да ги поминеме блиску до своите семејства и пријатели. Сакавме да покажеме што сè е можно кога луѓето си помагаат едни на други и си даваат поддршка, кога веруваат во себе и во другите, особено во вакви тешки времиња“, вели Мартин Раџаби-Расет, Директор за управување со брендот на групацијата Ерсте.

Докажан тим на креативци

И овој пат, Jung von Matt DONAU е одговорен за креативната реализација на најновата божиќна реклама на Групацијата Ерсте. Креативниот режисер Мајкл Наги изјави:

„Откако направивме две екскурзии во светот на анимираните животни, оваа година обработуваме тема што секоја година е важна за Божиќ, но е уште поважна во овие невообичаени времиња – а темата е: да си помагаме едни на други. Токму тоа е мислата што ја води Мари, негувателката полна со оптимизам и енергија, која не сака да прифати дека композиторот Едгар, кого староста го довјасува, сè повеќе се повлекува во себе додека постепено го губи слухот. Со помош на другите станари во домот за стари лица, Мари успева да го стопли срцето на Едгар и да овозможи тој да ужива во многу посебна прослава на Божиќ.“

Успешна божиќна приказна

По „Ежот Хенри“ (Henry the Hedgehog) (2018 г.) и „Бумбарчето Хана“ (Hanna Bumblebee) (2019 г.), „Божиќот на Едгар“ (#EdgarsChristmas) е третата меѓународна божиќна реклама што Групацијата Ерсте ја прави заедно со Jung von Matt DONAU. Предизвикот да се направи подеднакво добра реклама оваа година беше многу тежок, со оглед на тоа што претходните две божиќни видеа се прегледани преку 180 милиони пати.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...
Вториот ден на Божиќ се вика и Собор на пресвета Богородица – Се посетуваат кумовите и пријателите Се верува дека на денешен ден треба да ги примите и да ги угостите сите што ќе д...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Јелена Спенџарска на прослава на Божиќ кај дечкото од Солун – Сподели фотки со семејството „Ова ќе ни прерасне во традиција, еден Божиќ ќе го славиме на море, друг на план...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg