Апел од македонска медицинска сестра: „Колку сме толку сме, тие сме и, за жал, сѐ помалку ќе бидеме“
- Детали
- среда, 18 ноември 2020
„И уште ако не сме Ви добри, што да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга, за врска, за да се исплачете...“, порачува Вики Котевска.
Македонските здравствени работници веќе со месеци први на фронтот се борат со короната и црпат енергија од петни жили за да издржат пред овој немил предизвик.
И уморни се и трпат напади од околината и малку се на број...
Вики Котевска, медицинско лице, испраќа апел до сите.
Aпелот кружи вирално на Фејсбук:
„Колку сме толку сме, тие сме, и како тргнала работава сѐ помалку ќе бидеме..
И уште ако не сме Ви добри, што да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга, за врска, за да се исплачете...
Напад на секој здравствен работник е напад врз мене.. И време е да се свестите дека ние сме ви последното упориште, последната надеж... Последната шанса..
Затоа, ако не си вака до мене, било кој од Вас, бидете достојни да не нѐ кудите и да не нѐ судите.. Или пак бујрум до нас, ќе се најде работа, за сите има место да помогнат..
Да не биде дежурни кривци за сѐ труло шо се случува околу Вас, со Вас, за Вас самите..“
https://www.facebook.com/viki.kotevska/posts/10219512238618829
С. С. | Црнобело