Сауна во домот! Потребен е мал простор, а придобивките врз здравјето се огромни!

Сауна во домот! Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба.

sauna-vo-domot-potreben-e-mal-prostor-a-pridobivkite-vrz-zdravjeto-se-ogromni10.jpg

Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложенст на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување. Зошто да не си овозможите секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства.

sauna-vo-domot-potreben-e-mal-prostor-a-pridobivkite-vrz-zdravjeto-se-ogromni02.jpg

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.

sauna-vo-domot-potreben-e-mal-prostor-a-pridobivkite-vrz-zdravjeto-se-ogromni03.jpg

На следниов линк можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба не чини многу, а задоволството е непроценливо. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg