Морничави крици на гибоните: Животните од Скопје ЗОО први го почувствуваа земјотресот во Скопје (видео)
- Детали
- среда, 11 ноември 2020
Во поголемиот дел од Македонија граѓаните беа разбудени од силен земјотрес во 4 часот и 54 минути, а гибоните од Скопје ЗОО беа предвесници за истиот.
Во 4 часот и 54 минути низ целата територија на Македонија се почувствува земјотрес, кој најмногу ги погоди оние во околината на Гостивар.
Епицентарот е на 20 километри од Гостивар, со јачина од 5.0 степени според Рихтеровата скала, но се почувствува и во Скопје и уште неколку градови низ Македонија, но со послаб интензитет.
Точната јачина, епицентарот и длабочината на земјотресот може да се ревидираат во следните неколку часа или минути, бидејќи сеизмолозите ги разгледуваат податоците и ги средуваат своите пресметки.
Многупати животните први го чувствуваат земјотресот, а утрово истиот ги вознемири и гибоните од Скопје ЗОО.
На Твитер осамна видео од нивните крици снимени во периодот кога се случи земјотресот, а видеото е објавено неколку минути по земјотресот:
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
-->— Sylvester (@Sylvester_mk) November 11, 2020
С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com