Проширен Глобалниот извршен одбор на Здружението на Светскиот комуникациски форум: Со подобра едукација и подобри етички комуникации на ПР професионалците

(Давос, 09.11.2020) – На Генерално Собрание на Здружението на Светскиот комуникациски форум во Давос, Швајцарија се избраа шест нови членови за проширување на Глобалниот извршен одбор на десет члена.

proshiren-globalniot-izvrshen-odbor-na-zdruzhenieto-na-svetskiot-komunikaciski-forum-so-podobra-edukacija-i-podobri-etichki-komunikacii-na-pr-profesionalcite01.jpg

Во Здружението членуваат ПР професионалци од целиот свет и имаат задача да ја зголемат можноста за едукација и усовршување на ПР професионалците како и нивно вмрежување за подобра соработка. Форумот го предводи реномираниот меѓународен експерт за односи со јавноста и автор, Максим Бехар од Бугарија кој има нов 3-годишен мандат како Претседател.

Во новиот одбор се Соли Моенг (Јужна Африка), Ганеш Чандрасекаран (Индија), и Јон-Ханс Коцер (Португалија), Нурул Ашикин Шамсури (Малезија), Клара ти-Ле (Виетнам), Мина Назари (Иран), Џаклин Страјер (САД), Саурабх Убоеја (Индија) и Чезаре Вали (Италија).

„Воодушевен сум што соработувам со нашиот нов Одбор, кои се глобални лидери и експерти во областа на односите со јавноста, комуникациите и образованието. Уверен сум дека додека влегуваме во свет и глобална економија, која сè уште ги наоѓа своите нозе, по неколку месечни блокaди, ќе се насочиме кон потребата за развивање на нашата професија", изјави Бехар и додаде "ние, како Глобален Извршен Одбор, сме посветени на создавање нови и значајни начини за ангажирање на нашите глобални членови, нивните клиенти и сите засегнати страни. Утре е веќе тука “

Светскиот Комуникациски Форум е основан во 2010 година во Давос, Швајцарија, каде Здружението е регистрирано во 2014 година. Претставник од Македонија е Татјана Лопарски, Извршен директор на Агенцијата за односи со јавност, Елемент ПР. Секоја година форумот собира истакнати претставници на секторот за комуникација и односи со јавноста од целиот свет, кои, преку дијалог и дискусија разменуваат искуства и идеи за обликување на глобалните комуникации. Во 2020 година, Здружението на Светскиот Форум за Комуникација го организираше својот прв „Глобален Самит за Комуникации“ во ЗООМ, обединувајќи ги најдобрите врвни експерти за комуникација од повеќе од 30 земји. Како резултат на овој собир беше усвоен и Кодекс за етички комуникации, одобрени и потпишани од 135 експерти од 36 земји, меѓу кои и Македонија.

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg