Што е шопинг победа? Дај ни добар пример и освој ваучер од 1000 ден. за Soho House!
- Детали
- петок, 06 ноември 2020
„Шопинг победа“ – што е тоа? Можеби за некого позната фраза, но во кој контекст ја употребува? За некого „извојување“ шопинг победа е кога ќе го најде омилениот производ на попуст, а за некого, пак, кога бргу ќе заврши работа на каса.
Ние мислиме дека „шопинг победа“, всушност, се однесува на паметно пазарување, како на пример кога наместо да плаќате во готово, плаќате со вашиот паметен телефон со помош на мобилна апликација, како што е HalkPay.
Но, мислиме дека „шопинг победа“ се однесува и на сите оние мали нешта кои го чинат пазарувањето побрзо, поедноставно, но и малите лични успеси кои нам ни значат кога одиме на шопинг и ни претставуваат задоволство за подобро шопинг искуство.
Потребни ви се примери?
„Шопинг победа“ е на пример кога си во она расположение кога ти е презабавно да направиш шопинг листа.
Или „шопинг победа“ е кога конечно успеваш да влезеш во М.
Или, пак, кога продавачката ќе каже „дечко/девојко, ајде на другата каса”!
Примери се многу, а ние те предизвикуваме на нашата објава на Фејсбук во коментар да напишеш што за тебе е „шопинг победа“? Може да биде било што, но важно е единствено да се однесува на оние мали или големи шопинг победи што ти ги извојуваш при пазарувањето.
Во коментарот користи #ШопингПобеда и тагни ги @Halkbank AD Skopje, а ние по случаен избор на еден ќе подариме ваучер во вредност од 1000 ден. за супер вкусна храна од Soho House.
Очекувајте прогласување на 09.11.2020 во коментар на оваа наша објава на Фејсбук.