Нови официјални мерки: Угостителски објекти работат до 21 часот, препорака по 21 часот да нема движење
- Детали
- вторник, 03 ноември 2020
фото: depositphotos.com
По препораките на Комисијата за заразни болести за дополнителни мерки за заштита од корона вирусот, Владата усвои дополнителни мерки на денешната седница.
Премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страна објави:
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот:
Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите
во Скопје и Охрид.
На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Би можело да ве интересира:





