Утрински прошетки, бајковити пејзажи: Магијата на Градски парк и скопските улици во есен (фото)
- Детали
- вторник, 03 ноември 2020
Дрвореди со магични црвени лисја во центарот на Скопје, возење велосипед по велосипедските патеки со есенски пејзаж, бајковити бои со цела есенска палета во Градскиот парк – како изгледа нашето Скопје во есен?
На некој му се омилени утринските прошетки по паднатите крцкави лисја од дрвјата, други уживаат во есенскиот пејзаж додека со велосипед одат на работа, а трети сакаат да се опуштат во прекрасниот Градски парк, разубавен со сите бои на есента.
Скопје е љубов во секое годишно време, а посебно во есенските месеци.
На официјалниот Фејсбук профил на Град Скопје беа објавени магични есенски фотки од главниот град:
М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук на Град Скопје