Состојба до 19.10.2020: Направени се 771 тестирања, бројката на новозаболени е 161
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2020
фото: depositphotos.com
Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие од Ковид-19, во болнички услови се починати 12 лица, од кои, 7 пациенти од Скопје на 56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 години, пациент од Струга на 67 години, пациент од Тетово на 85 години, пациент од Битола на 68 години, пациент од Кавадарци на 56 години и пациент од Прилеп на 63 години.
Од 771 тест во изминатото деноноќие, потврден е 161 нов случај на Ковид-19, од кои:
- 90 во Скопје,
- 15 во Гостивар,
- 11 во Куманово,
- 8 во Струмица,
- 6 во Прилеп
- 6 Берово, пет во Тетово,
- 4 во Велес,
- 3 во Кочани,
- 2 во Штип,
- 2 во Кавадарци,
- 2 во Пробиштип,
- 2 во Делчево ,
- 2 во Кичево,
- 1 во Крива Паланка,
- 1 во Радовиш,
- 1 во Валандово.
Институтот за јавно здравје регистрирал 154 оздравени пациенти, од кои, 62 од Скопје, 12 од Кочани, десет од Струмица, седум од Тетово, по шест од Куманово, Прилеп и Пробиштип, по пет од Кавадарци и Гостивар, по четири од Штип, Струга, Радовиш и Валандово, по три од Велес, Охрид и Берово и по два од Битола, Гевгелија, Пехчево, Свети Николе и Кичево.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 7 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 61 пациент, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19 и две деца и три мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Досега во земјава се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид-19.
Би можело да ве интересира:





