20-то Генерално собрание на Американската стопанска комора: Одбележана дваесет годишнината од постоењето на АмЧам во Македонија

20-to-generalno-sobranie-na-amerikanskata-stopanska-komora-odbelezhana-dvaeset-godishninata-od-postoenjeto-na-amcham-vo-makedonija-01.jpg

Скопје, 07.10.2020 – Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) на 6-ти октомври, го организираше 20-тото по ред генерално собрание на кое учествуваа Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Нејзината Екселенција Кејти Мери Брнс, членовите на одборот на директори, повеќе од 70 компании-членки на комората, како и почитувани партнери и поддржувачи. Собранието, покрај својот работен дел, вклучуваше и одбележување на 20-годишнината од постоењето на АмЧам, а воедно и признание за значајните успеси во текот на изминатите години.

Во рамките на настанот, беа избрани новите членови на одборот на директори на АмЧам: Маја Филипчева - директор за даноци во Грант Тортон; Никола Љушев - главен и извршен директор на Македонски Телеком; Ламбро Патче - Менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, Кока-Кола и Хајнекен; Иван Новаковски - директор на НОВА Интернационално училиште и Јордан Димитровски - сопственик и генерален директор на Аитоникс.

20-to-generalno-sobranie-na-amerikanskata-stopanska-komora-odbelezhana-dvaeset-godishninata-od-postoenjeto-na-amcham-vo-makedonija-02.jpg

Главниот гостин-говорник на настанот, Амбасадорката на САД, во своето обраќање се осврна на релациите помеѓу САД и Република Северна Македонија и притоа изјави: „Денес го славиме успехот на АмЧам. Оддаваме признание за вашата посветеност во поттикнувањето партнерство помеѓу нашите две земји. Свесни сме дека поради вас и вашите напори, бизнис релациите, како и поврзувањето на луѓето помеѓу РСМ и САД, денес се многу подлабоки, пошироки и поцврсти”.

Претседателот на АмЧам, г. Љупчо Георгиев, во неговиот говор зборуваше за постигнувањата на АмЧам, предизвиците со кои се соочи комората поради кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, како и трансформацијата на организациските процеси со цел полесно справување со можните ризици:

„Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 отвори врата за уште поголеми предизвици. Време во кое животот и бизнисот какви што ги познававме се претворија во една нова реалност - глобално, локално, без никакви исклучоци! Иако, сега можеби ни изгледа дека влијанието на пандемијата врз начинот на кој живееме и работиме е многу тешко и длабоко, сепак, сметам дека сега е моментот да размислуваме за раст и развој и како да бидеме посилни, подобри и приспособливи”.

20-to-generalno-sobranie-na-amerikanskata-stopanska-komora-odbelezhana-dvaeset-godishninata-od-postoenjeto-na-amcham-vo-makedonija-03.jpg

Вториот дел од настанот беше посветен на 20-годишниот јубилеј во чија чест се одржа и панел дискусијата „Пред 20 години и сегаво која учествуваа двајца значајни панелисти, г. Кристијан Поленак, основач и претходен претседател на АмЧам и партнер во адвокатското друштво Поленак и г. Љупчо Георгиев, претседател на АмЧам и генерален менаџер на Мајкрософт во РСМ. Панелистите дадоа осврт на минатото, сегашноста и иднината на комората, споделувајќи историјат на значајни настани и постигнувања во текот на изминатите две децении. АмЧам изрази благодарност и почит кон компаниите-членки, основачите, поранешните претседатели и амбасадата на САД, за поддршката во растот и развојот низ годините.

Американската стопанска комора ќе продолжи да спроведува активности и ќе биде доследен партнер на своите компании-членки, стремејќи се кон уште поголем успех во годините кои следат.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg