Интеграција на Охридска банка со Шпаркасе банка Македонија: Собрание на акционери

5 октомври, 2020 година: Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје и Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на 5 октомври донесоа одлуки за отпочнување интеграција на двете банки.

integracija-na-ohridska-banka-so-shparkase-banka-makedonija-sobranie-na-akcioneri-01.jpg

На двете собранија се донесоа одлуки за отпочнување на постапката за присоединување пред Народната банка на Република Северна Македонија.

Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос што ќе биде пресметан во согласност со применливата регулатива и утврден во Спогодбата за присоединување. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за целите на размената, ќе ја зголеми основната главнина со издавање на акции преку приватна понуда, во согласност со применливата регулатива за вршење статусни промени.

За целите на присоединувањето, надзорните одбори на двете банки ќе склучат Спогодба за присоединување, која ќе ги содржи податоците предвидени со Законот за трговските друштва. Спогодбата за присоединување ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранијата на акционери на двете банки, а по претходно добиена дозвола за статусна промена од Гувернерот на Народната банка.

„Сакаме да воспоставиме стабилна и добро капитализирана банка со пазарен удел од над 12%. Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ е посветена да ја поддржи економијата во Северна Македонија, да биде доверлив партнер, бидејќи ние сме долгорочен стратешки партнер во Северна Македонија. Комбинираната банка со нејзиното искуство и сеопфатност ќе претставува силен партнер и за интернационалните и за компании и инвеститори од ЕУ што се активни во Северна Македонија. Со интеграцијата на двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ние ќе бидеме една од водечките универзални банки во Република Северна Македонија“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

integracija-na-ohridska-banka-so-shparkase-banka-makedonija-sobranie-na-akcioneri-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg