Новиот проект на EXIT на тврдината Могрен за само четири дена го видоа повеќе од милион гледачи!

noviot-proekt-na-exit-na-tvrdinata-mogren-za-samo-chetiri-dena-go-vidoa-povekje-od-milion-gledachi-01.jpg

InfinitX, новиот проект на EXIT, реализиран со белгиската суперѕвезда Шарлот де Вит на будванската тврдина Могрен, за помалку од четири дена ја надмина бројката од милион прегледи! „Првиот милион го достигнавме во рекорден рок, што ги надмина дури и нашите најголеми очекувања и веруваме дека времето кое доаѓа ќе ни покаже колку овој проект ќе успее да им ги доближи убавините на црногорскиот брег на младите ширум светот. Тоа е посебно важно, бидејќи токму новите генерации се првите кои се враќаат на туристичките патувања по кризата“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и главниот човек одговорен за EXIT и SeaDance Festival. Овој ексклузивен настап беше подарок за градот домаќин на SeaDance Festival со цел побрзо рестартирање на туризмот во Будва и Црна Гора.

InfinitX presents Charlotte de Witte 'New Form' III: Rave On Time:

Погледнете ТУКА...

Дека овој проект привлече глобално внимание говорат и зборовите на легендарниот музички уредник на BBC, Пит Тонг, кој во интервјуто со Шарлот го нарече будванскиот брег околу тврдината Могрен „едно од најубавите места на светот!“. На прашањето на Тонг како се најде на Могрен, Шарлот одговори: „Се работеше за соработка со фестивалот EXIT чиј концепт е носење на светски познати диџеи на преубави локации од каде што нивните настапи ќе се проследуваат преку стрим во живо. Имав среќа да добијам можност прва да настапам на оваа прекрасна локација во Црна Гора. Снимањето беше на зајдисонце и глетката беше магична“.

Во овој момент сетот на Шарлот де Вит го имаат погледнато 1.145.100 гледачи, од кои 804.000 на Facebook, 318.100 на YouTube, а 23.000 на Twitch, додека се очекува дека во следниот период оваа бројка ќе расте и ќе стигне до неколку милиони гледачи од сите краеви на светот.

InfinitiX на EXIT во тек со модерните глобални трендови за промоција на дестинации, ги спојува најголемите имиња од музичкат асцена со некои од најубавите локации во светот. Сетот на белгиската техно хероина е снимен на тврдината Могрен, преку кој се емитува фантастичен поглед на Јадранското море и будванскиот брег, за кратко стана едно од најгледаните нови видеа од светската електронска сцена. Помеѓу десетината илјади коментари на публиката од сите континенти се издвојуваат епитетите за сетот на Шарлот и самата диџејка, но и за природните убавини на Црна Гора. Овој проект претставува и вовед во промоцијата на наредниот SeaDance Festival, кој ќе се одржи на плажата Буљарица од 27 до 29 август 2021 година.

Би можело да ве интересира:

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...
Браво! Наставничка од Негорци направи модна ревија со модели што основците сами ги изработија Преслатки девојчиња од основно училиште позираат во моделите што сами ги изработ...
Некогаш и сега: Како изгледаат водителите на најпопуларните емисии од 2000-те кај нас? Ги паметите ли „99 action“, „Дај побрзај“, „Вртелешка“, „Кој сака да биде милион...
Сања Ристиќ се пофали со новиот пирс посветен на Перо Антиќ: „Го живееме најубавиот живот“ „Уживам во животот со Сања Ристиќ“, напиша Перо Антиќ, а неговата девојка, пак, ...
Елена од гевгелиско вдоми уште еден штрк: „Деца со стапови го тепале, морав да го спасам“ Штркот Мишко минатата зима ја презими во гевгелиско, во домот на Елена Алексовск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg