Гравче на оган, спиење во шатор: Македонка со својот сопруг со мотор крстосува низ Шпанија (фото)
- Детали
- среда, 02 септември 2020
Тие не сакаат извикани туристички дестинации, сакаат недопрена природа, водопади, кампување, кафе во шума и спиење под отворено ѕвездено небо.
Ивана Чолаковска е Македонка која крстосувајќи 4 години по светот со мотор со нејзиниот сопруг Ману, кој е по потекло од Шпанија, пред неколку години доживеа светска слава.
Сега, по борбата со ракот на Ману, тие повторно се тргнати на пат. Овојпат поради проблемите со границите поради корона пандемијата парот е на европско тло, односно крстосува низ Шпанија.
Си готват гравче на оган, пијат турско кафе, спијат во шатор под ѕвездено небо, откриваат нови водопади, се запознаваат со локалци...
Велат дури и кога на кратко одлучиле да ја посетат Барселона за да се видат со некои свои пријатели, да си ја исперат облеката и да минат неколку ноќи на мек кревет, сфатиле дека темпото на овој туристички град ги изморува многу повеќе отколку двата месеци минати со мотор по недопрената природа на Шпанија, па затоа се вратија на откривање на убавините на природата.
Како изгледа нивното ново патешествие:
С. С. | Црнобело