НЛБ Банка преку кампања со VISA картичките до поддршка за најпогодените бизниси од Covid 19 кризата

НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица.

nlb-banka-preku-kampanja-so-visa-kartichkite-do-poddrshka-za-najpogodenite-biznisi-od-covid-19-krizata-01.jpg

Преку оваа кампања, Банката, од една страна обезбедува низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во овој момент им е потребна поддршка.

Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиенти кои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 мкд по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 мкд.

Средствата од картичката клиентите ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накит итн. На овој начин, преку одобрување на дополнителни финансиски средства и нивно искористување во загрозените дејности, Банката обезбедува поддршка и придонесува за заживување на бизнисите.

„Во НЛБ Банка секогаш тргнуваме од потребите и барањата на нашите клиенти. Ја наградуваме нивната лојалност и пружаме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно. Веруваме дека со оваа кампања ќе успееме да ги поттикнеме клиентите да ја искористат можноста да добијат вредносна картичка од 3.000 денари и преку трошење на овие средства да им помогнат на најпогодените дејности. Со ова, не само што ќе ги наградиме нашите клиенти за нивната лојалност, туку и ќе помогнеме на македонското претприемништво. Затоа ве повикуваме да ги користите НЛБ Visa картичките и да покажеме дека сме одговорни, дека се грижиме и дека во ова време на предизвици заедно можеме повеќе!“- истакнаа од Банката.

Повеќе информации во врска со оваа кампања клиентите можат да добијат на веб страницатa www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

НЛБ Банка

Би можело да ве интересира:

Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
„Првпат на концерт на тато“ - Ирина Дишовска со синчето го гледа настапот на Павле Камилоски Планинарката Ирина Дишовска на Инстаграм ги објави фотографиите од синот Јосиф к...
Крушата под круша паѓа: Како изгледаат и што прават мајките на нашите познати дами? Освен што ѝ е мајка, Теута ѝ е и менаџер и најголема поддршка на Аделина Тахири,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg