Крушата под круша паѓа: Како изгледаат и што прават мајките на нашите познати дами?

Освен што ѝ е мајка, Теута ѝ е и менаџер и најголема поддршка на Аделина Тахири, Лина Пејовска е како другарка со нејзината мајка која работи во МОБ – како изгледаат мајките на нашите познати дами?

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-01.jpg

Некои од родителите на нашите познати личности немаат никаква поврзаност со естрадниот живот, а некои од нив ѝ се добро познати на јавноста.

Ако сте дете на познати родители, па уште и во иста професија, јавноста со сигурост ќе ве препознава по истото презиме.

Погледнете како изгледаат и со што се занимаваат мајките на нашите познати дами:

Миа и Оливера Костова

Некогашната водителка, денес една од најуспешните инфлуенсерки во Македонија, Миа Костова е ќерка на некогашната балерина Оливера Костова.

Оливера сега е во пензија, но сè уште држи часови на дечиња во приватно балетско училиште.

Таа обожава мотори и може да се пофали со извонредна линија и во седмата деценија од животот.

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-02.jpgфото: принтскрин Инстаграм

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-03.jpgфото: принтскрин Инстаграм

Тамара, Тијана и Брана Тодевска

Познатите пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, талентот за музика го имаат наследено од својата мајка, поранешната оперска певица Брана Тодевска.

Тие се блиски со својата мајка и често објавуваат фотографии на Инстаграм од нивните дружби.

krushata-pod-krusha-pagja-kako-izgledaat-i-shto-pravat-majkite-na-nashite-poznati-dami-10.jpg.jpgфото: принтскрин Инстаграм

Мартија и Снежана Станојковиќ

Снежана ѝ е најголема поддршка на Мартија во сѐ што прави, а цело време беше покрај неа и додека се натпреваруваше на популарното музичко шоу во Србија, „Пинкови ѕвездички“.

Пејачката е доста активна и на социјалните мрежи, каде многупати има објавено фотографии од својата мајка со која се како најдобри другарки.

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-04.jpg

Викторија Лоба и Татјана Луговаја

Кога ќе ги видите една до друга ќе си помислите дека се сестри, а не мајка и ќерка.

Пејачката Викторија Лоба својата убавина ја наследила од својата мајка, Русинката Татјана Луговаја.

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-07.jpgфото: Фејсбук

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-05.jpgфото: Фејсбук

Моника и Светлана Црнокрак

Манекенката Моника Црнокрак е копија на својата мајка, некогашната манекенка и сопственичка на модното студио „Црнокрак“, Светлана.

Моника тргна по стапките на мама и тато и досега има освоено многу престижни награди во светот како манекенка.

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-08.jpgфото: Фејсбук

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-09.jpgфото: Фејсбук

Аделина и Теута Тахири

Крушата под круша паѓа, а доказ за тоа се пејачката Аделина и нејзината мајка Теута.

Кога ќе ја видите Теута веднаш ќе ви стане јасно од кого пејачката ја наследила убавината.

Теута ѝ е и менаџер и најголема поддршка на Аделина.

Лина и Тереза Пејовска

Младата пејачка Лина Пејовска премногу наликува на својата мајка Тереза, која е вработена во Македонската опера и балет.

Двете имаат многу близок однос и секаде одат заедно.

krushata-pod-krusha-pagja-ova-se-majkite-na-nashite-poznati-dami-12.jpg

Калиопи и Марија Буклеска

Марија работела како наставник по ликовно, а поп-дивата во едно свое интервју истакна дека од неа ја има наследено искреноста и отвореноста, односно „Што на ум, тоа на друм“.

Пејачката го цени секој момент поминат со својата мајка, а понекогаш знае да сподели и нивни зеднички фотографии на социјалните мрежи.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада Некои се разведени, а на некои сопругот им починал, но сите се борбени и храбри....
Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg