„Првпат на концерт на тато“ - Ирина Дишовска со синчето го гледа настапот на Павле Камилоски
- Детали
- вторник, 19 декември 2023
Планинарката Ирина Дишовска на Инстаграм објави фотографи од синот Јосиф кој за првпат имал можност да го проследи настапот на неговиот татко Пaвле Камилоски. Малиот Јосиф ги освои сите со својата слатка насмевка.
Павле Камилоски на 15-ти декември имаше предновогодишен концерт во МНТ, а во публиката покрај големиот број обожаватели на неговата музика, беа и неговите најблиски – сопругата Ирина и синот Јосиф.
Ирина и Павле го добија синот Јосиф во јуни годинава, а на само 5 месеци, тој веќе почнува да оди на неговите концерти и да му дава поддршка на својот татко.
Ирина објави неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, на кои се гледа дека малиот Јосиф навистина уживал во настапот на татко му.
„Јосиф првпат на концерт на тато, си помина прекрасно! Сите песни ги знаеше напамет, зошто дома си ги пеат секојдневно“ – напиша Ирина до фотографиите.
„Смешко најубав“ – коментираат нејзините следбеници за фотографиите на кои малиот Јосиф има слатка насмевка.
Прочитајте и Ирина Дишовска за мајчинството: „Се породив лесно во Државна болница, го искачив Водно 2 дена претходно, не ми се појавија стрии“
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело