Генерација Z - генерацијата која сака да го смени светот со моќта на технологија
- Детали
- сабота, 22 август 2020
Родени во време на глобализација и технолошка револуција, Генерацијата Z (Зет) се првата вистинска генерација дигитални „староседелци“ кои живеат онлајн и ја користат технологијата за да го сменат светот.
Комуникативни, активни креатори на содржини на социјалните медиуми, Генерацијата Z е многу поамбициозна од сите претходни генерации. Родени во свет во кој технологијата има клучна улога во општеството, тие ја сметаат за своја алатка и живеат во хармонија со дигиталниот свет. Имаат отворен ум, инклузивно размислување без никакви предрасуди кон различностите, но и отсуство на колективно размислување и отпор кон цврсти структури и авторитети.
Тоа е првата вистински дигитална генерација која ја користи поврзаната технологија за да оствари придобивки не само за својата генерација, туку и за општеството во целина. Оваа генерација верува во дигитален оптимизам и ја користи технологијата за поврзување, за едукација, за решавање проблеми, залагајќи се за рамноправно учество во социјалниот, економскиот и културниот живот за сите, без оглед на полот, образованието, статусот. Тие ги користат социјалните мрежи за комуникација, за добивање искуства, но и за интеракција и натпревар.
Мега популарната музичка ѕвезда, која е дел од Генерацијата Z вели дека тоа е „Генерација којашто поседува навистина голем потенцијал; да создава, да соработува, да комуницира, да направи разлика. Веќе правиме толку чудесни нешта, а тукушто започнавме“.
Тоа што постарата популација го гледа како постојано „висење“ на смартфоните и компјутерите, младата популација го доживува како здрава љубопитност, желба да се дознае нешто повеќе и опсесија за информираност и поврзаност. Младите луѓе функционираат различно – тие одбираат да размислуваат за решенија, а не само за проблеми. Нивните умови не се преоптоварени со традиционални норми и затоа тие наоѓаат нови одговори на досега непоставени прашања. Нивната посветеност инспирира, а нивниот дигитален активизам зема сè поголем замав во менување на општеството.
„Младите луѓе мора да ги добијат соодветните алатки за да станат еднаков партнер во глобалната дискусија“, вели Jahkini, холандски застапник за младинско учество во Обединетите нации.
Дојче Телеком го препозна овој дигитален оптимизам на Генерацијата Z и за да им даде глас на овие млади луѓе ја креираше платформата #WhatWeDoNext, поттикнувајќи ги уште повеќе да ја користат технологијата за добро. Овој хаштаг во периодот кој следи ќе биде местото за вистинските инспиративни приказни на Генерацијата Z, каде што тие ќе можат да споделуваат идеи и искуства за доброто на сите. #WhatWeDoNext ќе биде платформа на која ќе се информираме за сите неверојатни нешта кои младите луѓе ги прават денес.