Родени скоро 4.000 штркчиња и уште 3 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минатата недела

Македонски филм освои две награди на престижен фестивал во Мексико - ајде да читаме позитивни вести!

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-01.jpg

Во време на многу црна хроника и неубави вести, да се расположиме со неколку позитивни и убави информации кои се случија минатата недела:

„Проект среќа“ обезбеди донации за 250 ученичиња

Здружението „Проект среќа“ на пејачката Кристина Арнаудова, обезбеди донации за 250 дечиња кои на 2 септември тргнаа на училиште.

Таа на својот rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-03.jpg сподели неколку фотографии и се заблагодари на компаниите кои со своите донации помогнале дечињата да добијат училишни ранци и прибор.

„250 дечиња отидоа среќни на училиште благодарение на овој проект. Среќна ви школска година, и благодариме на оние кои ги отворија своите срца“ - пишува, меѓу другото, Кристина.

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-07.jpg

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-08.jpg

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-09.jpg

Нашиот филм „М“ освои две награди во Мексико

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус“, освои две престижни награди на интернационалниот филмски фестивал „Макабро“ кој се одржува во Мексико Сити, Мексико.

Тозија ја доби статуетката за Најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и го доби признанието Награда на публиката.

„Макабро“ е најстариот жанровски фестивал во Мексико, и вториот најстар фестивал од овој тип во Латинска Америка.

Фестивалот низ годините се етаблира како културен промотор и постојан магнет за младата публика пред која се презентираат филмски остварувања од доменот на фантастиката, хоророт, трилерот.

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-06.jpg

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-04.jpg

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-03.jpg

Нови 3.934 штркчиња во Македонија

Кај нас заврши пописот на штркови, кој, на национално ниво, го спроведе Македонското еколошко друштво.

Овој попис се прави на секои 10 години, а во нашата земја првпат се спроведе во 2014 година.

При истражувањето евидентирани се вкупно 1.765 гнезда на штркови (1.388 активни гнезда и 389 неактивни - односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите или имало само една возрасна птица).

Вкупниот број на изведени штркчиња оваа година е 3.934.

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-02.jpg

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-12.jpg

📢Заврши пописот на штркови! Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој...

Posted by Македонско еколошко друштво on Tuesday, September 3, 2024

Со помош на проектот „Куќа на среќата“ уште едно македонско семејство беше испратено на летен одмор, од кој се вратија преблагодарни

„Благодарност до сите кои ни помогнавте едно семејството да може да го испратиме на одмор на море. Среќата на едно семејство не можеме да ви ја опишеме со зборови, но за тоа можеме да ја споделиме пораката која ни ја пишаа“ – гласи објавата во Фејсбук групата.

rodeni-skoro-4-000-shtrkchinja-i-ushte-4-pozitivni-vesti-od-makedonija-koi-ne-izraduvaa-minatata-nedela-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg