Cammeo - најголемиот и најдобриот регионален такси превозник официјално започна со превоз на патници во Скопје

Cammeo го вози цело Скопје 3 дена гратис

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-01.jpg

CAMMEO TAXI – најголемиот и најдобриот регионален такси превозник официјално од денес започна со превоз на патници во Скопје.

Денес, на големиот паркинг на средно Водно, преку официјално претставување на својот возен парк на свечен настан со присуство на претставници на град Скопје, претставници на медиумите, компании соработници, гости и граѓани на Скопје, Cammeo го промовираше своето започнување со работа.

Со обраќање на извршниот директор на Cammeo Grupa Македонија г-дин Стефан Николиќ, кој верува дека Cammeo ќе донесе нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје, денес се отвори едно ново поглавје од успешната приказна на Cammeo Групацијата, при што, Cammeo тимот заедно со клиентите ќе го испише тоа поглавје токму во Македонија, за почеток на улиците на Скопје.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-02.jpg

Г-дин Стефан Николиќ ги повикува сите граѓани на Скопје и нивните гости, да нарачаат услуга преку бројот 15 777 или Cammeo Апликација, а Cammeo тимот ќе направи се да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. Притоа, порача дека со огромна чест и задоволство започнуваат со работа и со нетрпение очекуваат да се запознаат со граѓаните на Скопје, при што од денес Cammeo го вози цело Скопје 3 дена гратис, а понатаму ќе има многу изненадувања и поволности за патниците на Cammeo.

Cammeo Taxi доаѓа со флота од нови возила со метан како погонско гориво, кое што е еколошки најприфатливо гориво со најмала емисија на загадување и како такво се смета за „зелено гориво“, со што, Cammeo е првото еколошко - „зелено такси“ на улиците на Скопје.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-03.jpg

Од 2006 година Cammeo континуриано поставува високи стандарди во секој аспект од своето работење со посебен акцент на заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест. Со Cammeo сите заедно ќе се „возиме зелено“ за подобра и „зелена иднина“.

Cammeo се води од слоганот кој гласи: ,,Каде и да одиш, ние одиме во твој правец‘‘, при што нуди и најсигурен такси превоз, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Нови возила, униформирани и професионални возачи, највисоки стандарди од аспект на хигиена, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите и возачите се стандард и постојан приоритет на Cammeo. Cammeo вработува возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања и инвестира во нивната едукација и лиценцираност, при што преку сопствената Cammeo Академија креира вистински професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-04.jpg

Во услови на Covid 19 вирусната пандемија, сите Cammeo возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на патници и возачи е највисок. Со тоа, Cammeo ќе биде првото такси во Скопје во кое здравјето на патниците и вработените е приоритет и на тој начин ќе го олесни животот на сограѓаните во овие ново настанати корона услови.

Cammeo приказна

Cammeo Групацијата работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, брои речиси 1500 вработени и 1000 автомобили со кои што годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и тоа со поминати приближно 50 милиони километри.

Во последните 14 години е дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Чешка и Србија, при што се води од мислата дека такси превозот мора да стане достапен како вода и прифатлив за сите – од студенти до пензионери.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-05.jpg

Од денес Cammeo e и дел од секојдневието на граѓаните на Скопје што за целата Cammeo Групација претставува посебна чест и задоволство имајќи го предвид македонското потекло на сопственикот и директор на групацијата г-динот Владимир Миновски кој што е роден во Македонија.

Cammeo е креиран според високи европски корпоративни стандарди по принципот „од луѓе за луѓе“ - Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга.

Примарна цел и најголема сатисфакција за Cammeo се задоволни клиенти, а најсилна страна се вработените, затоа што Cammeo освен што континуирано вложува во квалитетот на услугата, вложува и во своите вработени и партнери.

Cammeо денес не е само такси превозник, туку нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT софтвер и познатата Taxi Navigator платформа која ја користат повеќе од 13 000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-06.jpg

Cammeo е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за своите клиенти.

Со Cammeo, европскиот квалитет на давање на услуги во такси дејноста преку понуда на еколошки, поволен, достапен, квалитетен и безбеден превоз, како и европските услови за работа и корпоративната култура пристигнаа во Скопје.

Со долгорочна стратегија и сигурен и стабилен раст, Cammeo покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови.

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-07.jpg

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-08.jpg

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-09.jpg

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-10.jpg

cammeo-najgolemiot-i-najdobriot-regionalen-taksi-prevoznik-oficijalno-zapochna-so-prevoz-na-patnici-vo-skopje-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg