Намален месечен надоместок за одржување трансакциска сметка за физички лица
- Детали
- вторник, 18 август 2020
Во услови за справување со пандемијата што ја предизвика коронавирусот ковид-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и на идните клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година.
Во текот на промотивниот период, кој ќе трае заклучно со 15 ноември 2020 година, за сите новоотворени трансакциски сметки Банката ќе пресметува надоместок од 15 МКД месечно. Клиентот ќе може да ја користи оваа поволност во траење од вкупно три месеци, почнувајќи од месецот во кој е отворена трансакциската сметка. По истекување на промотивниот период, ќе важи редовниот месечен надоместок за одржување на сметка во согласност со важечката Одлука за надоместоци (тарифи) на Банката.
Поради препораките за намалување на ширењето на коронавирусот ковид-19, ги упатуваме клиентите да ги користат дебитните картички за подигнување готовина преку достапната проширена мрежа од околу 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата во Северна Македонија, како и да плаќаат безготовински при пазарување кај трговците. Честите посети во експозитурите, клиентите можат да ги заменат со вршење брзи и едноставни плаќања од мобилен уред, таблет или компјутер, преку користење на апликациите: NetBanking за електронско банкарство и S-Banking за мобилно банкарство. Контакт центарот на Банката овозможува достапност до сите потребни информации преку телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Од неодамна Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“, преку кој го олесни начинот на комуникација на вработените со клиентите. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.
Останете безбедни и грижете се за Вашето здравје!