Mozzart донираше свежо овошје за здравствените работници во Клиничката болница во Штип
- Детали
- среда, 05 август 2020
Компанијата Mozzart Bet изминатиов период континуирано организира хуманитарни акции во кои обезбедува свежо овошје за медицинскиот персонал во повеќе болници кои се директно вклучени во борбата против коронавирусот.
Во Клиничката болница во Штип доставено е свежо овошје во пакети наменето за медицинскиот персонал, а пред неколку месеци Mozzart во оваа болница донираше и над 300.000 денари.
„Сакам да изразам голема благодарност до компанијата Mozzart Bet која во овие тешки моменти повторно помисли на нас и донираше во нашата болница. Пред неколку месеци донираа финансиски средства во износ од 5.000 евра. Сигурен сум дека овие освежувачки пакети ќе им дојдат одлично на вработените после долгите и напорни смени.“ – изјави д-р Ален Георгијев, медицински директор на Клиничка Болница Штип.
Досега се донирани повеќе од 2.500 килограми овошје, распределено во повеќе болници низ државата, а меѓу нив се Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8ми Септември“.
„Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.