Дали IQOS е пречка или можност за унапредување на јавното здравство?

„Пушиш премногу“, и рече чичко Пио на Гилда, фаталната заводничка од филмот „Ноар“ од 1946 година, која ја глуми Рита Хејворт.Речиси и да нема филм во кој глумела оваа холивудска икона, а да нема сцена со запалена цигара. Други познати холивудски ѕвезди кои пушеле на филмското платно се Џејмс Дин, Хемвфри Богарт, Одри Хемберн, но и актерите во култниот Џемјс Бонд серијал. Поради блиските врски кои американската индустрија за тутун (популарно наречена „Big tobacco“) ги градеше со шампионите на филмското платно за време на златното доба на Холивуд, во дваесеттиот век, пушењето честопати се сметаше за „cool“, а оние кои пушат дека се во тренд.

dali-iqos-e-prechka-ili-mozhnost-za-unapreduvanje-na-javnoto-zdravstvto-02.jpg

Но денес, во 21ви век имаме сосема поинаква слика. Пушењето се смета како опасен порок, штетен за здравјето на населението. Самите пушачи признаваат дека чадот од цигари им смета, признаваат дека знаат дека е штетен за нивното здравје, но едноставно не сакаат или не можат да се откажат од оваа навика, па бараат алтернативи за кои сведочат дека се подобро решение од цигарите. Можеме ли да им веруваме?

На ова прашање одговара Драган Димоски (40 години) од Скопје врз основа на искуството и пушачкиот „стаж“ што трае од студентските денови. Од слим, до лајт, пред речиси две години започнал да го користи IQOS, уредот за загревање на тутун кој го произведува Филип Морис. „Отпрвин не ми одговараше затоа што не е исто како цигара“, вели Драган, за два месеци подоцна да ги забележи првите промени.

„Сега не можам да запалам цигара, се чувствувам како никогаш да не сум пушел, а чадот од обичните цигари навистина ми пречи. Од друга страна, не мислам дека ова е најдоброто решение, секако најдобро е да не користам ништо, но ова ми ја задоволува потребата за никотин, а се чувствувам подобро. Не кашлам како порано, нема чад, нема пепел, и не ме бркаат пријателите на тераса како што правеа кога пушев цигари“, вели тој.

И покрај големите кампањи за престанок со пушење, разните регулаторни ограничувања и слично, се уште има пушачи кои едноставно не сакаат да се откажат од оваа навика. Ниту глобалната пандемија не влијаеше особено на навиките на пушачите иако Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронарна срцева болест кај болнички пациенти. Според истражувањето на Фондацијата „Свет без чад”, објавено од Блумберг, во Америка и Велика Британија, направено на две групи исптаници, 83% од оние кои забележале зaболен од новиот вирус размислуваат да се откажат од пушење, додека кај групата на испитаници кои немаат забележан сучај на корона во семејството, само 41% од испитаниците изјавиле дека пандемијата со коронавирусот ги мотивирала да размислат да се откажат од цигарите. „Ова не го олеснува прекинувањето на пушењето“, се наведува во авторскиот текст за Блумберг на новинарката Тифани Кари. Големите тутунски компании веќе нудат голем број производи од никотин и, како што наведува Блумберг, прашање е дали тие ќе станат нов избор кај потрошувачите по завршувањето на пандемијата?

Токму Американците не чекаа крај на пандемијата да ги објават заклучоците од прегледот на научните докази за една позната алтернатива на пушење на светскиот тутунски гигант Филип Морис. Имено, Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА), инаку позната како многу строга и ригорозна агенција од областа на јавното здравје, на почетокот на овој месец ја објави својата одлука дека IQOS може да се класифицира во категоријата производи со модифициран ризик и дека по направените строги анализи и преглед на научните докази, информирањето на потрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред, е во согласност со промоцијата на јавното здравје. Така, овој систем за греење на тутун официјално стана првиот и единствен електронски производ кој користи никотин, а кој ФДА го класифицираше во оваа категорија. Мич Зелер, директор на Центарот за контрола на тутунот при ФДА, ја објаснува оваа одлука со фактот дека научните докази покажуваат дека „овие производи можат да им помогнат на возрасните пушачи да се откажат од пушењето и да ја намалат изложеноста на штетни материи, но само доколку целосно се префрлат на IQOS”.

„ФДА внимателно ќе следи како се користи IQOS кај потрошувачите, особено за да не дојде до потенцијален раст на употребата на овој производ кај младите“, рече Зелер, потенцирајќи ја важноста да се знае дека овие производи не се без ризик, како и дека луѓето кои во моментов не користат ниту еден тутунски производ, не треба ни да почнат да го прават тоа.

Настаните што дополнително ја зајакнаа одлуката на ФДА уште поголемо внимание да посвети на регулирањето на т.н вапинг производи или „уреди за испарување“ и електронските производи со никотин, се должи на растот на употребата на нови уреди кои станаа исклучително популарни кај американските тинејџери. По обемната кампања против „вапинг“ производителите, меѓу кои најпознат е Џул (Juul), стартап од Сан Франциско, следеше забраната за употреба на електронски цигари во овој град. Веќе по појавата на мистериозната болест на белите дробови „Евали“ која ги зафати корисниците на претежно непроверени и несигурни производи од црниот пазар, иницијативата за забрана на е-цигари со вкусови дојде дури и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој стапи во сила во февруари годинава.

ФДА исто така сега инсистира на тоа сите производители на вапинг производи кои се на пазарот да достават до септември 2020 година барање за добивање дозвола за продажба, заедно со спецификацијата на уредот. Единствено Филип Морис во моментот има таков документ и при доставувањето на документацијата, меѓу другото, докажа дека IQOS е наменет само за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат цигари.

„Искористувањето на иновациите каква што е IQOS за да се постигне забрзување на падот на пушењето е исклучителна можност на овој век. Сеопфатна регулатива базирана на научни докази, може да помогне возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат да преминат на подобри алтернативи“, ќе изјави Андре Каланѕопулос, главниот извршен директор на Филип Морис по одлуката на ФДА.

Со заклучок дека овој уред е „фундаментално различен од цигарите“, Филип Морис ги повикува и другите регулаторни тела во светот да ги прегледаат научните докази за IQOS. Изјавата на ФДА дека информирањето на потрошувачите за намалена изложеност на штетни материи при употреба на IQOS е во согласност со промоцијата на јавното здравје, сè уште не го решава огромниот проблем и бројот на пушачи кај светската популација, каде според најновите податоци на СЗО, околу 1,3 милијарди луѓето пушат и тој број не се намалува и покрај бројните ригорозни забрани за пушење, зголемувањето на цените на цигарите и скапите и интензивни кампањи против пушење.

Според најновото рангирање на бројот на пушачи по земји (Smoking Rates By Country 2020), во првите 10 земји влегуваат три од регионов - Грција, Србија, и БиХ. Хрватска е на 12то, Бугарија на 14то место, а на оваа листа ја нема Македонија бидејќи СЗО, според чии податоци од 2015 година е правена листата, навела дека нема податоци. Меѓутоа, според податоците од Тутунскиот атлас од 2016 година, што го објавува и СЗО, во Македонија инциденцата на пушење според бројот на испушени цигари по жител годишно е многу висока и не отстапува од просекот во регионот.

Секое решение што може да ја поддржи борбата против заболувањата кои се јавуваат како резултат на пушење, треба да бидат предмет на поширока дискусија, секако ако има научни аргументи и докази дека ова е потенцијално подобар избор за пушачите. Имајќи ги предвид научните исражувања за алтернативните производи на цигарите, се смета дека тие треба да бидат дел од решението, а не на нив да се гледа како проблем, бидејќи може да се овозможи различен дијалог, но уште поважно да им се понуди на потрошувачите алтернатива која не е без ризик, но е подобар избор од цигарите.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg