Хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК воведе специјализирани хигиенски мерки според највисоките светски стандарди

Со цел да им овозможи максимално сигурен и безбеден престој на своите гости во време на пандемијата на вирусот Covid-19, хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК кој се наоѓа на струшкото крајбрежје воведе посебни протоколи за работа со главен акцент на хигиенските мерки.

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-01.jpg

Овие протоколи се прифатени од најреномираните имиња во хотелиерството во светски рамки, со што хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК се најде на мапата на хотели кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди за безбедност.

Овој реномиран хотел набави 23 специјални озонери за прочистување на воздухот и просториите, кои се користат за стерилизација и дезинфекција на хотелските соби, заедничките простории во кои има зголемена фреквенција на гости како што се ресторанот, лобито, ходниците, лифтовите и сл., како и на спа-центарот. Овие озонери за многу кратко време за 100% ги отстрануваат сите бактерии, вируси и други штетни честички од воздухот, создавајќи совршено безбедна околина за престој на гостите. Притоа, озонерите се целосно безбедни за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи не користат хемикалии при нивната работа. Безбедноста и ефикасноста на овие озонери е потврдена од реномирани меѓународни институции.

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-02.jpg

Озонерите секојдневно се користат во собите на хотелот, при што процесот на дезинфекција трае од 5 до 30 минути, во зависност од големината на просторијата. По употребата на озонерите, собите се проветруваат и се подготвени да ги пречекаат новите гости во комплетно чиста и безбедна средина. Согласно безбедносните протоколи за работа, секоја соба во хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК се дезинфицира со озонерите пред сместувањето на секој нов гостин, а дополнително рачно се дезинфицираат сите површини, особено оние кои се најизложени на допир како што се кваките на вратите, електричните прекинувачи, далечинските управувачи за телевизорите и клима-уредите и сл. Овие површини се дезинфицираат со најсовремени средства за дезинфекција на база на 70% алкохол и различни видови микрофибер крпи. Хотелскиот персонал задолжен за одржување на хигиената е опремен со специјални скафандери за работа кои овозможуваат беспрекорна хигиена, но истовремено го штитат и здравјето на вработените.

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-3.jpg

- Безбедноста на гостите, удобниот престој и квалитетната услуга се приоритет на целиот персонал на хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК. Затоа во овој период на пандемија воведовме дополнителни безбедносни протоколи и набавивме најсовремени технолошки решенија со кои на нашите гости им обезбедуваме совршено чиста и безбедна околина за престој. Сите вработени во хотелот се максимално посветени да ги задоволат потребите на гостите за тие да се чувствуваат како да се дома – истакнуваат од менаџерскиот тим на хотелот Изгрев СПА & АКВАПАРК.

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-04.jpg

Хотелот применува посебни протоколи и при набавката на прехранбени намирници и подготовка на храна. По набавката, сите прехранбени намирници се дезинфицираат со природни и комплетно безбедни средства за дезинфекција, по што храната се транспортира до хотелската кујна согласно воведените ХАСАП системи.

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-05.jpg

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-06.jpg

hotel-izgrev-vovede-specijalizirani-higienski-merki-spored-najvisokite-svetski-standardi-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа „Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму ж...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg