Реновирање или преселба? Станбениот кредит не претставува проблем туку помага при сериозни животни одлуки

Според истражувањата, дел од стресните настани во животот на луѓето е реновирањето на станот.

renoviranje-ili-preselba-stanbeniot-kredit-ne-pretstavuva-problem-tuku-pomaga-pri-seriozni-zhivotni-odluki-01.jpg

Тоа не е изненадувачко, затоа што има многу чекори што треба да се преземат за да може сè да биде правилно спроведено.

Избор на материјали, плочки, врати, прозорци, обезбедување мајстори, многу потребно време и неизвесност дали на крајот сè ќе биде онака како што е замислено, се стресни и тоа го знае секој кој вршел реновирање во домот. Притоа, многу често финансиската конструкција на крајот не излегува онака како што е планирано. Затоа, многумина наместо за реновирање, се одлучуваат за купување нов дом.

И ако порано често се поставуваше прашањето како да се обезбедат финансиски средства за нов дом, денес веќе не е така. Станбените кредити кои се нудат на пазарот се со многу пониски камати отколку порано. Сепак, при преземање ваков чекор, потребно е да се направи добра анализа на она што се нуди, покрај каматата да се проверат и останатите услови и да се одбере банка која има најповолна понуда и во која може да се има доверба.

„Станот во кој живеевме со семејството имаше потреба од реновирање, но бидејќи за него веќе имавме земено станбен кредит за кој плаќавме месечни рати, не се одлучувавме за ваков чекор. Сепак, најновата понуда за станбен кредит од Халкбанк со намалена каматна стапка фиксна за првите 10 години, нѐ „натера“ да почнеме да размислуваме не за реновирање, туку за купување нов дом бидејќи и онака, поради зголемување на семејството, стариот ни стана „тесен“.

Направивме пресметка и сфативме дека, со оглед што претходниот кредит од друга банка ни беше земен со повисока каматна стапка, со рефинансирање на истиот во Халкбанк можеме да добиеме стан според нашите сегашни потреби. Се обративме до банката, извршивме рефинансирање на стариот кредит, а со остатокот од средствата и парите од продажбата на стариот стан, купивме нов.

Посебно сум благодарен што добивме и грејс период за почеток на отплата на ратите така што добивме простор да можеме да го опремиме според нашите замисли. Без поддршката од Халкбанк сигурно немаше да можеме да ги реализираме нашите планови и желби“, вели Петар Јордановски од Скопје.

Новиот станбен кредит на Халкбанк е во моментов со најповолни услови на пазарот, има најниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување.

Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ, а постои можност и за грејс период од 12 месеци. Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита за него и за целото семејство од несакани последици и истата покрива осигурување од незгода, во случај на траен инвалидитет над 30% или пак, во случај на неможност за враќање на кредитот поради смрт од незгода или друга причина.

Халкбанк, чие корпоративно мото е „Важни се луѓето“ постојано води грижа за своите клиенти и настојува да излезе во пресрет на нивните барања и потреби. Банката со почетокот на кризата врзана за КОВИД-19 донесе одлука да им понуди на своите клиенти одложено плаќање на сите кредитни обврски за период од 6 месеци. Истовремено, подготви и производи со намалени каматни стапки и поволни услови со цел во посткризниот период да им овозможи на граѓаните да ги реализираат своите потреби и планови.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg