Заедно може да направиме да биде подобро – Нова кампања на Скопско
- Детали
- сабота, 25 јули 2020
„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“ е позната мисла од македонскиот писател Петре М. Андреевски, која најдобро ги отсликува предизвиците со кои се соочуваме денес.
„Kако бренд со најдолга историја на македонскиот пазар, речиси 100 години знаеме дека животот на ова тло е полн со предизвици, некогаш работите се движат кон подобро, некогаш не, но она во што веруваме е дека само заедно може да направиме да биде подобро. Токму тоа наше верување го пронајдовме во цитатот на Петре М. Андреевски кој е носечка порака во нашата нова кампања“, изјавија од „Пивара Скопје“
Преку кампањата Скопско сака да ја нагласи важноста од заедништво, солидарност и меѓусебна поддршка во овие моменти.
Погледнете го видеото: