Квалитетот на изработката е важна одлука при избор на вашиот нов дом

За повеќето луѓе, најголема инвестиција во животот е купување имот, стан или куќа, за себе и за своето семејство. Затоа, оваа одлука е една од најважните што се донесува. Последиците од изборот се далекусежни, па затоа чинот на купување стан треба да биде добро осмислен.

kvalitetot-na-izrabotkata-e-vazhna-odluka-pri-izbor-na-vashiot-nov-dom-02.jpg

Вообичаено, кога се купува дом најмногу внимание се обрнува на локацијата (дали е блиску до училишта, градинки, здравствени центри), потоа на квадратурата и распоредот во станот, и секако на цената на недвижниот имот.

Иако е многу важна, експертите велат дека сепак цената не смее да го диктира изборот, бидејќи трошоците за живеење во поевтини недвижнини честопати ги надминуваат оние во недвижнини со редовна цена. Исто така, доколку инвеститорот понуди „поволна“ цена на штета на квалитетот на градбата, може многу брзо да се појават проблеми со столарија, sидови, инсталации, тоалети и сл.

Затоа велат дека е потребно да се посвети внимание на квалитетот на градбата и да се биде добро информиран за материјалите што се користат. Особено е важно и колку објектите се енергетски ефикасни бидејќи од тоа зависат идните трошоци околу загревањето или ладењето на домот.

Често постојат дилеми дали да се избере нов или стар стан, бидејќи и во двата случаи постојат предности и недостатоци. Кај старите станови, предност е што веќе постои инфраструктура - оформена средина, со зеленило, пристапни патеки, паркинзи и слично. Но, истовремено, многу често се потребни значителни средства за реновирање, а згора на тоа, не постојат и доволно информации за квалитетот на градбата. Дополнително, постојат стари инсталации за вода, електрична енергија, канализација, кои е тешко да се проверат.

Затоа познавачите препорачуваат, доколку купувачот има можност, да купи нов стан на добра локација. И притоа добро да се информира за начинот на градба, користените материјали и завршувањето во становите.

За да помогне во обезбедувањето на потребните средства на оние кои се решиле за „најголемата животна инвестиција“, Халкбанк креираше нов производ – станбен кредит со каматна стапка од 3,2% фиксна во првите 10 години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје.

Притоа, за да излезе во пресрет на оние што сакаат да купат нов стан во објект кој е во изградба, Халкбанк има склучено соработка со голем број градежни компании од кои при одобрување на кредит се прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите. Бидејќи листата на компании со кои банката соработува е навистина голема, секој клиент може да одбере стан што ќе ги задоволи бараните критериуми.

„Предимотните листови на нашата компанија се прифаќаат за хипотека и обезбедување на кредит по најповолни услови и забрзана процедура при одобрување во Халкбанк АД Скопје.

За оние кои ќе направат избор кај нас, нудиме објекти со енергетска ефикасност, економичност, атрактивна локација и околна инфраструктура, функционалност на становите и зградата, што формираат цена кое е најдоброто нешто кое го нудиме во однос со квалитетот”, велат во една од компаниите кои се на листата на соработници на Халкбанк.

Новиот станбен кредит на Халкбанк е во моментов со најповолни услови на пазарот - со најниска каматна стапка од 3,2% фиксна за првите 10 години и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период и истиот е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Максимален износ на кредитот е до 140.000 евра, со рок на отплата до 30 години, минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ, а постои можност и за грејс приод од 12 месеци.

Посебна предност кај овој кредит е што со него клиентот добива и пакет полиса за осигурување што претставува заштита за него и за целото семејство од несакани последици.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg