Народот си ја покажува некултурата – Природата околу Марков манастир прекриена со ѓубре
- Детали
- понеделник, 13 јули 2020
Доказ дека човекот е најголем загадувач на природата се овие фотки од Марков манастир и околината која е претворена во депонија.
Наместо да ја чуваме природата во Македонија, во која летово очигледно конечно ќе може целосно да уживаме, некои луѓе немаат грам совест и култура.
Марков манастир е едно од поубавите места во околината на Скопје, каде луѓето често знаат да прошетаат и да направат излет и пикник.
Овие излетнички места ги користат голем број луѓе и треба да им се радуваме што ги имаме, но иако има такви кои после себе уредно ќе си го соберат ѓубрето па дури и ќе си го однесат со себе до првиот контејнер, секогаш постојат оние кои зад себе оставаат доказ за нивната некултура.
На Фејсбук вирално се проширија фотки од природата во дворот околу Марков манастир и Маркова Река, која е претворена во депонија.
Цели вреќи ѓубре, кесички од смоки, шишиња од вода, сокови и пиво фрлени во тревата, па дури и во реката, а контејнерот очигледно никој не го гледа.
Жално што некои луѓе никогаш нема да научат како треба да се однесуваат...
фото: Фејсбук профил на Мирче Котевски
фото: Фејсбук профил на Мирче Котевски
фото: Фејсбук профил на Мирче Котевски