Д-р Фабио Скано од СЗО: „До неодамна Македонија беше пример за справување со ковид-19, не е време за олабавување мерки“

Министерот Филипче и доктор Фабио Скано, советник на регионалниот директор за Европа на СЗО заедно одржаа прес-конференција.

d-r-fabio-skano-od-szo-do-neodamna-makedonija-beshe-primer-za-spravuvanje-so-kovid-19-ne-e-vreme-za-olabavuvanje-merki-01.jpg

Дел од изјавата на Филипче:

Благодарам што доктор Скано ја прифати понудата за посета на нашата земја.

Во изминатите денови имавме интензивни разговори за состојбата во светот, регионот и земјава, состаноци со многу институции и луѓе вклучени во борбата.

СЗО е наш стратешки партнер во многу сегменти, уште повеќе сега откако се соочуваме со овој здравствен предизвик.

Дел од изјавата на д-р Фабио Скано:

Голема благодарност што сум овде денес и до Владата што ме покани во овој посебен момент во државата, во момент кога имаме пандемија.

Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот.

Дејствата што ќе се преземат во наредните денови се многу важни за справување со кризата и тука сум во вистински момент.

Мора да му се спротивставиме на вирусот проактивно и да бидеме пред него.

Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата и ефектите од мерките кои се преземаат овде.

Имав интензивна агенда, имав средба со претседателот Стево Пендаровски, членовите од Комисијата за заразни болести, со претставници на религиозни заедници и уште неколку состаноци.

Прво, одговорот од страна на Владата беше силен, агилен и навремен.

Импресиониран сум од посветеноста на здравствените работници и на Институтот за јавно здравје и сите кои работат неуморно за заштита на граѓаните.

Одговорот на ковид-19 се случи рано уште пред првиот случај. Рано се тестираа пациенти и агилно се пренаменија здравствените установи за лекување на болните од ковид-19, како и раните мерки за заштита на старите луѓе во домовите и спречи голем број смртни случаи, што се случи во другите земји.

Имаме целосно разбирање дека социо-економските последици од мерките предизвикуваат загриженост бидејќи влијаат врз животот на луѓето.

Повторното зголемување на големиот број случаи е нешто што може да се менаџира и затоа е потребно напорот да биде фокусиран на ова, но Владата и граѓаните мора да соработуваат.

Македонија до неодамна беше еден од најдобрите примери за одговор на ковид-19 во европскиот регион, а СЗО и земјата може повторно да се вратат на тоа.

Препорачуваме да продолжите да идентификувате, тестирате и изолирате и да ги следите контактите и да ги ставате во карантински режим.

Треба да се прекине ланецот на пренесување, секој случај треба да биде изолиран и згрижен, а секој контакт во карантин.

Лицата кои се изолирани во карантин да бидат во соодветни услови. Сите кои се болни треба веднаш да се самоизолираат.

Да се следи појавата на нови случаи и да бидеме пред вирусот, а да не доцниме зад него.

Мора да мислиме и на другите услуги за пациентите и да се одржуваат во функција.

Да се избегнуваат групирање на луѓе за да не се пренесува од лице на лице. Треба да се воведат контролирани мерки на контрола на ширењето на вирусот.

Сепак ова не е задача само на Владата, туку на цело општество и секој поединец треба да помогне за прекинување на ланецот на пренесување.

Да продолжиме со миење раце, да внимаваме како киваме и кашламе, да се дистанцираме и носиме маски каде што треба.

Сега не е време за олабавување на мерките и спуштање на гардот, напротив треба да се прошири она што досега беше добро сработено во идентификување, тестирање и изолирање и трагање по контактите.

Сега е време цело општество да се вклучи во идентификување на случаи во рана фаза и продолжување со мерки за заштита. Само така ќе бидеме во трката пред вирусот, а ако не го направиме тоа резултатот ќе биде експлозивна ситуација која ќе бара воведување драматични мерки што ќе наштети на економијата.

Ние како СЗО ја повторуваме нашата поддршка за С. Македонија и сме подготвени да ги продолжиме нашите напори.

Следете ја целата прес-конференција тука:

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg