Liebherr - 70 години бескомпромисен квалитет
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
За многумина кујната е омилениот дел од домот, а семејните оброци омилениот дел од денот.
Секојдневно посветуваме дел од нашето време и внимание за да ги одбереме вистинските прехранбени производи за нас и нашето семејство. Но за да уживаме во свежа и ароматична храна богата со витамини, потребно е и правилно да ја чуваме и складираме.
Токму затоа ние во Liebherr веќе 70 години посветено работиме на производство на ладилници и замрзнувачи со највисоко ниво на квалитет, иновација и вонвременски дизајн.
Со најширок асортиман на ладилници и замрзнувачи кој импресионира со многу практични функции, максимална удобност при користење и енергетска ефикасност, Liebherr ви овозможува долготрајна свежина на храната и поедноставно секојдневие.
Квалитет - Континуирано имплементираме нови идеи и напредна технологија со цел да обезбедиме оптимално складирање на храната со соодветен квалитет.
Дизајн - Висококвалитетниот дизајн и фокусот на детали кои се одлика на нашите апарати може да се забележат во извонредната изработка од нерѓосувачки челик, висококвалитетните материјали, стилските внатрешни компоненти и практичната GlassLine внатрешност на вратите.
Иновација - Целосно затворените FrostSafe фиоки, патентираната BioFresh технологија како и SoftSystem амортизацијата при затворање на вратите се само дел од функциите кои денес претставуваат стандард за ладилници и замрзнувачи, а кои за прв пат беа имплементирани во производството токму од Liebherr.
Погледнете го нашиот комплетен асортиман на https://home.liebherr.com/mk и нарачајте преку продажната мрежа на Техномаркет.