Позитива на денот: Доктор Мирослав донираше крвна плазма за пациентот од Ресен
- Детали
- вторник, 23 јуни 2020
Деновиве на социјалните мрежи вирално се рашири објава со апел за донација на конвалесцентна плазма за 40-годишен пациент од Ресен, хоспитализиран заради ковид-19, а денес имаме позитивна вест.
Голем број граѓани ја споделија објавата со молба да се најде некој кој оздравел од ковид-19, да донира крвна плазма, а очигледно апелот стигна на вистинското место.
Доктор Мирослав Бошковски е човекот со големо срце кој денес донираше крвна плазма за да го спаси животот на пациентот кој е хоспитализиран во 8-ми Септември.
„Кога видов дека се бара моја крвна група, Б позитив, веднаш телефонски контактирав со Институт за трансузиона медицина. Во рок од 24 часа ги направивме сите тестови, анализи, вклучително и оние со кои се гледа дали имам доволно протеини, хемоглобин и количество на антитела.
Се надевам искрено дека ќе помогнам. Откако донирав плазма, се чувствував исполнето и среќно, имав чувство дека сум направил добро дело. Тоа, нема цена, сознанието дека си помогнал за да спасиш нечиј живот.
И покрај тоа што тоа ни е секојдневна обврска на нас лекарите, сепак чувството овој пат беше посебно“, вели д-р Бошковски од Куманово, 35-годишен матичен лекар и специјализант по интерна медицина.
Со ова испраќаме и порака до сите оние кои се излечиле од корона вирусот, да се охрабрат и да помогнат да се спаси нечиј живот.
Крвна плазма може да даруваат пациенти кои се озлечени од корона вирусот, но мора да исполнуваат и одредени услови.
ТУКА може да се информирате повеќе во врска со донирањето крвна плазма.
Министерот Венко Филипче ја објави веста за доктор Мирослав и упати апел до сите излекувани од корона вирусот.
Д-р Мирослав Бошковски денеска донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент од Ресен, кој...
Posted by Венко Филипче on Tuesday, June 23, 2020