Халкбанк АД Скопје, горд поддржувач на трката HalkEco Хронометар 10KM
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2020
Првата Хронометар атлетска трка, HalkEco Хронометар 10KM што во саботата се одржа на кејот на Вардар, покажа дека и во услови на пандемија е можно да се организираат спортски настани, доколку се почитуваат пропишаните мерки и препораки.
Трката, која беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот Координативен Кризен Штаб.
На оваа трка немаше публика, а сите учесници и организатори мораа да се придржуваат до мерките за заштита од КОВИД-19 што вклучува носење заштитна маска, дезинфекција на раце и држење дистанца. Од безбедносни причини помеѓу секој од натпреварувачите имаше временски интервал за старт од 30 секунди.
„Халкбанк АД Скопје секогаш со задоволство поддржува настани кои промовираат физички активности. Токму со таа цел и ја создадовме апликацијата HalkEco со која сакаме да поттикнеме формирање здрави навики и да придонесеме за зачувување на животната средина. Како генерален спонзор задоволни сме што сé помина во најдобар ред, со почитување на заштитните протоколи, а задоволство искажаа и трчачите кои по толку време од почетокот на пандемијата и воведените рестриктивни мерки за заштита на здравјето, добија можност да учествуваат на некоја трка. Начинот на организација на трката HalkEco Хронометар 10KM е најдобар показател дека свеста и дисциплината на спортистите се на високо ниво и дека со строго почитување на протоколите, навистина е можно да се организираат спортски настани“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Сите натпреварувачи добија медали кои по влегување на целта си ги земаа сами. Најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција добија парични награди, а дополнително Халкбанк, како генерален покровител на трката, за учесниците обезбеди и пригодни подароци.
HalkEco апликацијата, по која и е наречена трката, може да се симне на секој паметен телефон преку Play Store или App Store и со неа за секоја активност (трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет) се собираат HalkCoins за кои, во зависност од бројот, следуваат подароци и други бенефиции. Во текот на работните денови и за време на градскиот метеж (07:30 – 09:30 и 15:30 – 17:30), секој километар вреди 2 HalkCoins, за време на викендите 0,5 HalkCoins, а останатото време носи 1 HalkCoin. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои Халкбанк презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.