Кога ѕвездите се пред сè луѓе – хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ донираше пари за операција на 26-годишна Македонка
- Детали
- четврток, 18 јуни 2020
Покрај многуте неубави моменти во 2020 година, вреди да се спомене оваа неверојатно позитивна вест која ќе ви влее радост во душата и ќе ви ја врати вербата во добрите луѓе.
Стаменка Менче Трповска е 26-годишна девојка која ја објави својата приказна на Фејсбук.
Девојката која веќе имала една операција на колкот се соочила со постоперативни проблеми упати апел за финансиска помош од 3000 евра за нова операција во Белград.
https://www.facebook.com/mencheimmortal94/posts/2722725628052437?__xts__%5B0%5D=68.ARCEoamtQ2yJhVzhFYr7rvdG9enuKVPAdbDrWgu0aKrLAViN9-y_7JOQcEg6Kh8TFBwn_NHxbruGsKV9Lcc39i7Kw6iCUKHwcaONlH58aPdqX9c0OL9JnZov_f5f43XYuwodRa-qSsrIEO6h7fcmaE0HgL6ocEHQ93a_zPIkx6SIv6rwGMmBXCXnGYA4-Vh_9ILuv5Q0vANLw9o_hlidmGdPglqkrdy3FTuuS5vpTHOPaE8P2Pa99kYsbHl8YpdWhTLtxzd8HUYpf11p8Xquj5I4T4oFSamlT_bCETYexqRTuaNvfRRVQoMbp5wdlGU-sF7x0soyjpEdCwO4rFD4KTW5Pw&__tn__=H-R
Откако нејзината објава била споделена преку Фејсбук страницата Inter Tifosi Balkan, се огласил 27-годишниот хрватски репрезентативец Марцело Брозовиќ кој веќе ги донирал потребните средства на страната www.gofundme.com за операцијата на Менче.
Nije dugo trebalo... Nakon nepunih sat vremena, pojavio se jedan gospodin. Gospodin koji nas prati na svim društevnim...
-->Posted by Inter Tifosi Balkan on Wednesday, June 17, 2020
Тој е еден од деветте донатори, а со неговата значителна донација, сумата е веќе обезбедена, што значи дека Менче ќе може да замине на операција во Белград и да живее живот без болка.
За фудбалерот кој во моментов игра за фудбалскиот клуб Inter Milan во Италија и за неговото огромно, несебично срце имаме само пофални зборови и апел ѕвездите да се угледаат повеќе на него и неговите постапки.
А на Менче ѝ посакуваме побрзо закрепнување. Приказна со среќен крај, какви што ни се потребни многу повеќе во време како денешното, нели?
(О)Милена | Црнобело