Венко Филипче: Здравствените работници се изморени по 4-месечна борба со корона вирусот
- Детали
- среда, 17 јуни 2020
Венко Филипче на денешната прес конференција нагласи дека потребна е реорганизација на сите расположливи ресурси за да се намали притисокот врз здравствените работници за да се обезбеди прием и добро лекување на сите пациенти.
Тој нагласи дека здравствените работници се изморени по 4-месечна борба со корона вирусот.
Вкупно 54 доктори и медицински сестри од цела држава пристигнаа на помош во клиниката „8-ми Септември“. Се прави комплетна реорганизација, но граѓаните треба да бидат коректни и да ги почитуваат препораките за да не се преоптовари здравствениот систем, кој засега добро функционира.
Капацитетите во болниците не се исполнети.
Денешната состојба ТУКА!
[🔴Во живо]
-->-->Posted by Венко Филипче on Wednesday, June 17, 2020