„Монструми шетаат меѓу нас“ – Скопјанка објави фотки од сувомеснато со шајки, подметнато за животни
- Детали
- вторник, 09 јануари 2024
„Монструми шетаат меѓу нас! При прошетка со кучињата, ова го најдовме во Ѓорче“ – скопјанка сподели фотки од сувомеснато прободено со голем број шајки, подметнато за кучиња и останатите миленици.
На социјалните мрежи често се објавуваат фотки од нехуманиот третман со кој некои поединци се однесуваат кон животните, а фотките на кои парче салама било прободено со голем број шајки и оставено за милениците предизвика голем број осуди и негативни коментари.
Скопјанка објави две фотографии од парчето салама што било фрлено низ улиците во скопската населба Ѓорче Петров.
„Монструми шетаат меѓу нас! При прошетка со кучињата, ова го најдовме во Ѓорче. Сликата ќе каже повеќе од кој било збор.
Внимавајте на вашите миленици! И споделете за што повеќе луѓе да се информираат. Локација: Ѓорче, во близина на матичното, улица Виа Игнатија“ – напиша таа во објавата во Фејсбук групата „Миленичиња“.
Во коментари, граѓаните тврдат дека ова не е првпат да најдат такво парче месо на истата улица.
Сопствениците на кучиња велат дека не се чувствуваат безбедно да ги шетаат милениците без маска, а се загрижени за уличните и бездомните кучиња за кои нема кој да се грижи.
„Страшно!“;
„Ужасно! Болни и злобни луѓе“;
„Моснтрум! Колку треба да имаш болен ум за тоа да го направиш?“ – прашуваат дел од оние што ја виделе објавата.
Б. С. Б. | Црнобело