Фото докази дека Македонија е прекрасна и немаме потреба од фотки од Германија за промоција
- Детали
- вторник, 16 јуни 2020
Германскиот фотограф Симон Мигај веројатно не сонувал дека неговата фотка направена на езерото Кенигсе во Германија еден ден ќе заврши како дел од владина кампањата за поттикнување на домашниот туризам во Македонија.
„Одеднаш Македонија стана број еден дестинација што би сакал да ја посетам“ изјавил 36-годишниот фотограф кој патем сосема случајно дознал дека неговата фотографија е искористена во македонска промотивна кампања.
Симон изјавил и дека не планирал никаде да ја употреби фотката, туку едноставно ја закачил на интернет со цел луѓето да се служат со неа, а истата била направена по желба на приватен клиент, на езеро коешто е многу познато во Германија. Благодарение на љубопитните Македонци, дискусиите на Твитер и корисниците коишто го означиле во коментар, Симон дознал дека неговата фотка е насловната за промоција на домашниот туризам во Македонија.
Од страна на ресорното министерство пак соопштија дека во врска со фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, фотографијата била преземена со сите авторски права и дека Министерството за економија ја заменило со друга од домашна туристичка дестинација.
Во меѓувреме, не стивнаа коментарите на социјалните мрежи, а се разви и интересна дискусија кои фотки би можеле да се употребат за оваа промотивна кампања, бидејќи Македонија изобилува со природни убавини.
Еве само мал дел од нив:
https://www.instagram.com/p/BbR6TCpnVKu/?hl=en
https://www.instagram.com/p/CATUshYHlQm/?hl=en
https://www.instagram.com/p/B2uGJSspKbX/?hl=en
https://www.instagram.com/p/BrqGVM8HA34/?hl=en
https://www.instagram.com/p/Ba6MtD7Hdj0/?hl=en
https://www.instagram.com/p/BjwGIo9HQwo/?hl=en
(О)Милена | Црнобело