Кога и во какви услови ќе се одржи „Д Фестивал“, еден од најпосетените фестивали во Македонија?

koga-i-vo-kakvi-uslovi-kje-se-odrzhi-eden-od-najposetenite-festivali-vo-makedonija-d-festival-01.jpg

Тимот на еден од најпосетените фестивали во Македонија „Д Фестивал“, кој се одржува во Дојран, испрати соопштение до јавноста:

Во текот на изминатите месеци продолживме со подготoвките за Д Фестивал и ширењето на позитивна енергија. Ви благодариме на илјадниците пораки исполнети со љубов и поддршка кои нѐ мотивираа да работиме на различни решенија и сѐ подобри изданија.
Oд првото, па се’ до последното издание, фестивалот од една бина на напуштен паркинг, се прошири на 20.000 квадратни метри, вклучувајќи пет сцени на кои заедно со нашиот тим, помагаа 200 волонтери и над 600 соработници, се’ со цел да ве пречекаме и ви овозможиме три незаборавни фестивалски дена!

Оваа година ни започна со амбициозна подготовка на фестивалот, која резултираше со најголем интерес досега, што значи дека сме ја стекнале вашата доверба. Мотивирани од истата, до денес се надевавме дека ќе се појави шанса за скора дружба.

За жал, бројките на заболени и слабиот напредок во борбата со COVID-19, затворени граници и карантини, дефинитивно не’ принудуваат да се адаптираме на ситуацијата и да го презакажеме Д Фестивал 49 дена подоцна - од 21-23 август 2020 година, на локација Градски Парк - Дојран, во омилениот Д Камп. Во соработка и координација со нашите пријатели од Србија, ќе се одржи една недела по Exit Festival.

Сакаме да ве известиме дека вашите билети се безбедни. Задржувајќи го набавениот билет, го поддржувате фестивалот и музичката индустрија и за возврат, добивате можност да присуствувате на двете Д Фестивал изданија - во 2020 и во 2021! Доколку не сте во можност да присуствувате на овогодинашното издание, билетот може да го задржите за 2021 година, а на располагање ќе бидат понудени и различни решенија за поврат на средствата. Скоро сите досега најавени изведувачи се потврдени на едно од двете изданија, а детални информации околу целосната програма ќе бидат објавени на почеток на месец јули.

Здравјето и безбедноста за нас секогаш биле на прво место. Сакајќи да придонесеме кон наоѓање решение на моменталната кризна ситуација, заедно со колегите од останатите продукции, се соединивме во новото Здружение на културни промотери. Според насоките од Светската здравствена организација, кои препорачаа враќање на фестивалите, изработивме детален предлог-протокол, поттикнат од позитивното искуство на соседните и европските земји кој го доставуваме до надлежните институции.

Се извинуваме за доцната информација, но до овој момент се надевавме на чудо и скора дружба.

Вашиот Д Фестивал тим 

Драги Д пријатели, Во текот на изминатите месеци продолживме со подготoвките за Д Фестивал и ширењето на позитивна...

Posted by Д Фестивал - Дојран on Sunday, June 14, 2020

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg