Д-р Филип Станковиќ – научник од Македонија кој работи на развој на иновативни производи во тутунската индустрија

Македонскиот научник д-р Филип Станковиќ од Скопје е еден од 430те научници во Филип Морис кои работат на истражување и развој на иновативни бездимни производи.

d-r-filip-stankovikj-nauchnik-od-makedonija-koj-raboti-na-razvoj-na-inovativni-proizvodi-vo-tutunskata-industrija-01.jpg

Отсекогаш верувал во промени и дека соништата може да се остварат со макотрпна работа, труд и малку среќа. Интересната приказна на младиот научник го носи во Соединетите Американски Држави по завршувањето на Машинскиот факултет во Скопје на докторски студии на Универзитетот Washington State, каде се усовршува во своето знаење како експерт за пиролиза, био-горива и хемија на аеросол.

„Токму тематиката на аеросол беше врската со Филип Морис. Не сум пушач, немав чуено за IQOS (ајкос), ниту за сите иновации во тутунската индустрија во последните 10 години и очекувано пристапив со големи предрасуди. Се прашував: Зарем не е се сведено на продажба во тутунската индустрија и оптимизација на процесите? Каков развој воопшто би можело да постои таму? Колку е етички да се работи во една таква индустрија? Како тоа јас како истражувач на био-горива и аеросоли се вклопувам во приказната? Следеше кратко истражување и дискусија со мојот сегашен претпоставен, по која ми стана потполно јасна исправноста на концептот да работам на нови иновативни производи за оние возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од оваа навика”, вели Станковиќ.

Клучот да се влезе во таа приказна беше неговата експертиза за хемискиот состав на аеросолот.

“Истражувањето на хемискиот состав на аеросолот е клучен при развојот на нови помалку штетни производи, а истражувањата покажаа дека при користењето на IQOS се ослободуваат помалку штетни материи споредено со цигарите”, раскажува д-р Станковиќ за своето искуство.

d-r-filip-stankovikj-nauchnik-od-makedonija-koj-raboti-na-razvoj-na-inovativni-proizvodi-vo-tutunskata-industrija-02.jpg

Тој додава дека секогаш настојувал да ги убеди родителите и блиските да ги откажат цигарите.

“Чадот од цигарите се уште ми пречи и не ја разбирам поентата на зачадени кафулиња и работни простории. Она што ме прави среќен е дека денес постои опција за оние кои се соочени со предизвикот да се откажат од пушењето. Верувам дека иновациите се основна движечка сила во секоја индустрија, неминовно и се потребни на тутунската индустрија и јас сум особено горд што сум дел од ова голема трансформација и активно работам на остварувањето на визијата за свет без чад од цигари,” вели младиот научник.

Тој работи во Нојшател во Швајцарија каде се наоѓа истражувачкиот центар на Филип Морис за развој на иновации.

„Ја проучувам взаемната поврзаност на повеќе фактори како што е составот на супстратот (тутунот), температурата на загревање, конструкцијата на стиковите и параметрите на уредот за загревање со цел да го разберам нивниот ефект на квантитетот на штетни материи во аеросолот. Моја крајна цел е изнаоѓање начини како оваа емисија да се намали. Ова на дневна основа значи дизајнирање на експерименти, организирање на работата во лабораториите околу овие проекти и надгледување на експериментите, анализирање на податоци, пишување научни извештаи и соработка на научни студии, како и консултација на дизајнерите на нови производи. Сето ова вклучува аналитичка хемија, термохемија, физика, механика и инженерство“, додава Филип.

Според него, иднината на тутунската индустрија се темели на иновација, висока транспарентност во научните истражувања и отвореност за соработка.

d-r-filip-stankovikj-nauchnik-od-makedonija-koj-raboti-na-razvoj-na-inovativni-proizvodi-vo-tutunskata-industrija-03.jpg

Кога би живеел сè уште во државава, Филип вели дека можеби не би ја имал истата можност да работи на иновации. За тоа се потребни многу вложувања и средства кои се ограничени. Сепак, со неговата порака до своите врсници, тој ги охрабрува да сонуваат и да си поставуваат високи цели. Додава дека иновациите се клучот за развојот и на компаниите, но и на државите.

Неговата препорака до сите млади кои сакаат да се занимаваат со наука е дека силата на науката е таа што не познава граници, дека младите треба да учат и да бидат позитивни, да веруваат во себе и дека тој е тука секогаш да помогне на младите кои ќе тргнат по овој пат.

„Постојат голем број успешни луѓе, професори и научници од Македонија во светските метрополи, компании и институции и верувам дека на секој од нас би му претставувало задоволство да помогне во остварувањето на амбициите и развојот на нашите млади научници. Јас ви стојам на располагање”, додава Филип.

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg