Кафулињата и рестораните во Скопје отворени по 2 месецa - каква беше атмосферата денес? (фото)
- Детали
- четврток, 28 мај 2020
Од денес угостителските објекти се повторно отворени откако беа приморани да затворат заради заштита од корона вирусот – каква беше атмосферата во скопските локали?
По долги 2 месецa, со намалувањето на рестриктивните мерки, угостителските објекти во Македонија повторно се отворија.
Секако, угостителите, а и посетителите се задолжени да се придржуваат до строги мерки за заштита.
Денес (28.05.2020) прошетавме низ Скопје да видиме каква е атмосферата. Поголем дел од објектите беа речиси полни секако со новиот дозволен капацитет согласно мерките, и покрај тоа што временските услови не беа многу погодни.
Генерално, може да се забележи дека мерките се почитуваат, масите се оддалечени една од друга на потребната дистанца, а речиси секаде има само по двајца на една маса.
Скопјани едвај дочекаа да се отворат омилените кафулиња и ресторани, но ќе мора да се навикнат на новата нормала и да се придржуваат до мерките.
Каква беше атмосферата низ неколку скопски локали во текот на денешниот ден:
М. М. | Црнобело