Државна лотаријa додели уште еден автомобил BMW X1
- Детали
- петок, 08 мај 2020
Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници.
Еден од нив е и Валентин Христовски од Битола со којшто се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасниот BMW X1.Валентин, пресреќен, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М - Кар каде што Маријана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Имено, Валентин е голем обожавател на BMW автомобили и мотори и тоа е главната причина што инстант лозот Мини и Макси му е омилен од инстант лотаријата на Државна лотарија. Тој со својата сопруга купува секојдневно по неколку лоза, но неколку денa пред да го купи добитниот лоз, како што ни кажа, чувствувал дека ќе се случи нешто големо.
Од среќното продажно место „Вагабонд“, на Широк Сокак во Битола купиле неколку лоза Мини и Макси, како и секогаш, надевајќи се на главната добивка, но овојпат биле во право. Еден од неколкуте лоза ги открил трите симболи на BMW кои означуваат само едно - главна добивка.
Во семејството Христовски на среќата и немало крај. Иако, веќе имаат автомобил, Валентин вели дека отсега со задоволство ќе го вози новиот BMW X1 затоа што за еден месец очекуваат принова во семејството, па овој автомобил доаѓа во вистинско време поради неговиот комодитет.
Среќниот добитник замина за Битола со новиот автомобил, но вети дека ќе продолжи да ги игра игрите на среќа на Државна лотарија затоа што тоа е омилена забава во семејството, а со среќата никогаш не се знае.
За потсетување, нашите играчи ги очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение ги очекуваме да ги раскажеме Вашите среќни приказни.