Младенци од Македонија дел од парите од свадбата ги донираа на Клиниката за детски болести
- Детали
- четврток, 07 мај 2020
Во Македонија дефинитивно постојат инспиративни луѓе. Невеста и младоженец восхитија со својот потег.
Тие донираа дел од парите што ги добиле како свадбен подарок за да се купи апарат на Клиниката за детски болести.
Браво за хуманоста! Потребни ни се повеќе вакви вести секојдневно...
„Каде постои љубов, постои и хуманост. Семејството Николовски, кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за подарок ја донираа за децата во болница.
Тие на Клиниката за детски болести донираа современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања“, напишаа од Клиниката за детски болести.
Каде постои љубов, постои и хуманост. Семејството Николовски, кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за...
Posted by Detska Klinika on Thursday, May 7, 2020
С. С. | Црнобело