А1 Македонија со нови можности за активација на услугата електронска сметка
- Детали
- среда, 06 мај 2020
A1 Mакедонија продолжува да ги охрабрува и води корисниците низ процесот на дигитализација, особено во време на вонредна состојба кога е важно да се намали физичкиот контакт и да се сочува јавното здравје.
Така, од денеска, сите постпејд корисници на А1 Македонија ќе може да активираат електронска сметка и преку официјалната веб страница на компанијата.
Покрај опциите за активација на електронска сметка преку мобилната апликација Мојот А1 и со испраќање на SMS порака, корисниците на А1 услугата електронска сметка ќе може да ја активираат и преку официјалната веб-страница на А1 Македонија на линкот и месечните сметки наместо во хартиена форма да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш на време а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата. Бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.
Со активација на електронска сметка корисниците стануваат и учесници во извлекување по случаен избор на подароци, пакет смартфони, Motorola One Macro и Moto E6 Plus, во три месечни циклуси на извлекување.