Со активација на Е-сметка корисниците на А1 со можност да освојат пакет со 2 смартфони
- Детали
- петок, 24 април 2020
Скопје, 24.04.2020 – А1 Македонија како водечкa компанија во процесот на дигиталната трансформација, ги охрабрува своите корисници за употреба на дигиталните алатки, особено во време на вонредна состојба кога е важно да останат дома и да се грижат за своето и јавното здравје.
Од сега, со активирање на електронската сметка корисниците автоматски стануваат и учесници во извлекувањата по случаен избор на вредни подароци. За 60 среќни добитници предвидени се 120 смартфони во пакет - Motorola One Macro и Moto E6 Plus, во три месечни циклуси на извлекување. Во првото извлекување, на 5 мај учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од април 2020г.
Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка.
Услугата Е-сметка им овозможува на корисниците месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо, безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку веб-страницата на линкот www.A1.mk/plati-smetka.
Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.