Нови регионални благајни на Државна лотарија за исплата на добивки над 5.000 денари
- Детали
- сабота, 18 април 2020
Скопје (18.4.2020 г.) – Државна лотарија, со цел да одговори на барањата на играчите, отвора нови регионални благајни за исплата на добивки од игрите на среќа Лото7, Џокер и инстант лотарија, во вредност над 5 000 денари.
Во мапата на благајни на Државна лотарија, покрај двете благајни во Скопје и благајната во Кочани, се впишуваат Неготино и Кичево кои ќе функционираат како уплатно-исплатни места, односно, како регионални благајни 2 дена во неделата
- вторник и четврток во период од 10.00 до 13.00 часот во:
Неготино ул. „Партизанска“, бр 2 (во центар на градот)
Кичево бул. „Ослободување“ бр 32 ( на главна улица)
Со оглед на вонредната состојба во државата, отворени се и благајни од времен карактер во Битола и Струмица., кадешто во соработка со деловни соработници, Државна лотарија ќе врши исплата на добивките од игрите на среќа еднаш неделно
– среда од 10:00 до 13:00 часот во:
Битола, продажно место „ВАГАБОНТ“,ул: „Широк сокак“ бр.51
Струмица, продажно место „КРЕЧЕВИ“, бул. „Маршал Тито“ бб (до Тинекс маркет),
Целта на отворање регионални благајни е да се излезе во пресрет на играчите ширум земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките а да се зголеми задоволство од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија. Играчите кои оствариле добивка на игрите на среќа коишто ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, од сега ќе може да се обратат и во регионалните благајни во Кочани, Неготино, Кичево, како и Струмица и Битола.
Благајните на Државна лотарија во Кочани и Скопје (МТВ и Буњаковец), се отворени секој работен ден, од 10 - 14:00 ч.
Дополнителни информации, на броевите на контакт центарот: 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052, секој работен ден работи од 9 - 14.00, на www.loto.mk и социјалните медиуми на Државна лотарија.