Жито Лукс со донации за социјално загрозените семејства
- Детали
- вторник, 14 април 2020
(Скопје, 14.04.2020) – Во овие тешки времиња на криза, предизвикана од пандемијата на COVID-19, Жито Лукс продолжува да донира на здруженија кои им помагаат на социјално загрозени семејства, како и установи за деца без родители, сé со цел да им овозможи полесно справување со новонастанатата ситуација и побезбедно снабдување со основни производи.
Брашно во количина од околу пет тони и околу 2000 други производи од палетата на Жито Лукс се досега доставени до СОС Детско село, Општините Бутел и Центар, како и неколку други институции наменети за социјално загрозени семејства.
Во согласност на својата општествена одговорност и свест за потребите на засегнатите групи граѓани, Жито Лукс во повеќе наврати своите донации и хумани активности ги насочува кон категориите граѓани на кои им е потребна помош и ќе продолжиме така и во иднина.