Донација од 2300 млечни производи на Алпско за социјално загрозените семејства во општина Центар

Ново настанатата ситуација го измени нашето секојдневие, го отежни животот на сите нас, но особено погодени се социјално загрозените семејства. Станува збор за сиромашни семејства кои живеат во тешки услови, претставуваат ранлива категорија на граѓани, кои тешко ги преживуваат овие денови во само изоалција.

donacija-od-2300-mlechni-proizvodi-na-alpko-za-socijalno-zagrozenite-semejstva-vo-opshitna-centar-01.jpg

За таа цел како општествено одговорна компанија - Лакталис МК и брендот Алпско во соработка со Општина Центар и невладината организација “Банка за Храна”, реализираа донација од 2300 парчиња Алпско млеко, Алпско Јогурт и Aлпско кисело млеко без лактоза за социјално загрозените семејства од оваа општина. 

Оваа донација е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа донација со неопходни млечни производи ќе им го олесни извесен период секојдневието на овие најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена” – изјавија од Лакталис МК.

Лакталис МК како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност во своето работење, континуирано се труди да помага на локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот. Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема Лакталис МК за обезбедување достоинствен животен стандард за оние кои имаат потреба од помош, дополнително изјавија од компанијата.

Би можело да ве интересира:

Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, пр... Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, ту...
Браво! 13-годишни деца од Радовиш собраа пари за да му помогнат на соученик со проблеми со говорот Пет деца од Радовиш напорно работеа за да соберат средства за да му обезбедат ло...
Александра Шијакоска објави труднички фотки од плажа: „Кога сопругот те слика“ „Само ми се јаде и ми се спие“ – се пошегува Александра Шијакоска Весели до фотк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg