Црвениот крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија на Република Македонија со хуманитарна помош за лицата во трето доба за превенција од КОВИД-19

Започнувајќи од денес 24.03.2020 (вторник) Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија на Република Македонија ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

crveniot-krst-na-grad-skopje-vo-sorabotka-so-drzhavna-lotarija-so-humanitarna-pomosh-za-licata-vo-treto-doba-za-prevencija-od-kovid-19-01_630x360.png

Преку активностите ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на возраст над 60 години од територијата на град Скопје, но и други градови каде Црвен крст работи директно со немоќните и повозрасни лица.

Донацијата од Државна лотарија е во висина од 700.000 денари со што се набавени и подготвени сетови на хигиенски средства како: гел за дезинфекција на раце; средство за дезинфицирање на домот; антибактериски влажни марамчиња и сл., како и маски и ракавици за превенција. Исто така, изработен е и се дистрибуира едукативен леток за заштита од КОВИД-19 (коронавирус), што ќе се дели со сетовите, но и на терен меѓу најзагрозените категории граѓани коишто немаат пристап до интернет и редовно информирање.

Оваа акција е уште една во редот акции на Црвен крст поддржани од Државна лотарија. Овој пат целта на заедничката соработка е да се помогне на најранливите категории граѓани односно лицата во трето доба кои се високо ризична категорија на граѓани. Со оваа активност ќе бидат опфатени повеќе од 2000 лица на територија на градот Скопје и други градови, согласно приоритетите на листата на Црвен крст.

Изразуваме благодарност до тимот на Државна лотарија, коишто и со оваа донација ја потврдија својата општествена одговорност и порачаа дека најголемата среќа е човековото здравје, а во борбата за здравјето треба да сме единствени.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg